БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА ОСТАНУВААТ ВРВЕН ПРИОРИТЕТ

Безбедноста и здравјето при работа се еден од врвните приоритети на Пивара Скопје АД. Како водечка компанија во индустријата за пијалаци во земјава, Пивара Скопје АД во континуитет инвестира во имплементацијата и усовршувањето на методите и техниките кои овозможуваат безбедност и здравје при работа, што е од исклучителна важност за вработените, но и за зголемувањето на ефективноста и продуктивноста во работата.

Традиционално, Пивара Скопје АД и годинава го одбележа Светскиот ден за безбедност и здравје при работа со промовирање на најновите практики и трендови во овој сегмент, адаптирани за потребите на индустријата за пијалаци во земјава, зајакнувајќи ги своите секојдневни заложби за обезбедување високи стандарди во овој домен од работењето согласно позитивните практики на Coca-Cola и Heinеkеn.

„Пивара Скопје АД не случајно е водечка компанија на пазарот на пијалаци во Македонија. Тоа се должи на нашата искрена посветеност во секој сегмент од работењето. Здравјето и безбедноста на нашите вработени е приоритет за нас и е од суштинско значење за развојот на Пивара Скопје АД. Ако сакаме да зборуваме за развој на економијата и одржување на продуктивноста и конкурентноста, основни предуслови се квалитетот на работната сила и обезбедувањето соодветни услови за работа. Пивара Скопје АД продолжува континурано да инвестира во овој сегмент“, истакна Јаак Микел, генерален директор во Пивара Скопје АД.

Тематски, годинешниот собир за безбедност и здравје при работа во Пивара Скопје АД беше посветен на управувањето со хемиски средства и ергономијата на работното место, што подразбира прилагодување на средствата и ресурсите за работа, преку што се овозможува безбедно и рационално извршување на секојдневните работни обврски.
Пивара Скопје АД е меѓу првите компании во Македонија која е сертифицирана според водечкиот меѓународен стандард за управување со безбедноста и здравјето при работа OHSAS 18001, кој инаку не е задолжителен со нашето законодавство.