ДЕН ЗА ОДГОВОРНА КОНСУМАЦИЈА

На 18 Септември во Пивара Скопје го одбележавме меѓународниот “Ден за одговорна консумација”. Кампањата има за цел да ја подигне свесноста за одговорна консумација и нашата обврска како компанија за промоција на одговорно консумирање. Прекумерната консумација не значи успех за нашиот бизнис и воопшто не придонесува за одржлив раст на општеството во целост. Оваа кампања беше дел од глобална платформа каде трите најголеми светски производители на пиво, вклучувајќи го и Heineken,  како партнери дадоа поддршка на оваа активност. Одговорната консумација не смее да биде само еден ден, таа е наша долгорочна обврска и треба да биде дел од нашето секојдневно однесување.

Полна чаша на Instagram