Ние и заедницата

ДОБРАТА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ Е ОСНОВА ЗА ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ

Ние и заедницата

Иако со набиена агенда поради интензивните тренинзи, Индира Кастратовиќ без размислување ја прифати нашата покана за разговор. Се сретнавме во хотелот „Русија“. Кога се ракуваш со неа, не можеш да не помислиш дека токму таа рака е заслужна за многу голови кои ни предизвикале многу ракометни радости (но и мини инфаркти), а посебно за оние две шрауби од историскиот натпревар во 2002 година, кога покорувајќи го Херц, „Кометал Ѓорче Петров“ стана европски шампион.

По 13 години Кастратовиќ е сè уште на теренот, но на онаа, другата страна. Како тренер на, во моментов, најдобриот женски ракометен клуб во Македонија, таа со сето свое знаење и сила се обидува да создаде нова генерација ракометарки, кои можеби повторно ќе ѝ донесат шампионска радост на Македонија.

Сите знаат за Индира Кастратовиќ и нејзините спортски успеси. Со што се занимава Индира денес?

Indira-Kastratovic

Работам професионално во ЖРК „Вардар“ како тренер на сениорска екипа. Трета сезона по ред сум главен тренер на екипата којашто е македонски првак и учесник во Лигата на европски шампиони.

Ракометот е еден од најдинамичните спортови што постојат. Од која возраст е најубаво да се почне со тренирање и како тоа влијае врз понатамошниот развој на децата?

Indira-KastratovicРакометот е спорт со многу физички активности (трчање, скокање, фрлање). Со организирано тренирање би требало да се почне во раната училишна возраст, т.е. од прво одделение. Но треба да се внимава тренинзите да бидат приспособени на психомоторниот развој на децата. Организираниот тренинг влијае многу позитивно врз здравствената состојба на децата, но и врз нивната социјализација и создавањето навики за тимска работа.

Колку е застапен рекреативниот, аматерски ракомет кај нас?

Indira-KastratovicКога зборуваме за рекреативниот ракомет, со жалење морам да констатирам дека во Македонија тој воопшто не постои.

Во споредба со другите спортови, колку е ракометот ефикасен за одржување фит-форма и здраво тело?

Indira-KastratovicПрофесионалното занимавање со ракометот подразбира и постојана грижа за натпреварувачката форма. Тоа значи дека ракометарот/ракометарката мора да бидат одлично физички подготвени. Ако за модерниот ракомет велиме дека е како десетобој во атлетика, се наметнува заклучокот дека овој спорт може да го практикуваат само вистински атлети.

Која е улогата на хидратацијата при спортувањето, особено за еден професионален ракометар?

Indira-Kastratovic

Хидратацијата има голема улога кај секој спортист, било да се занимава аматерски или професионално со спорт. За професионален ракометар/-ка тоа значи внесување течности збогатени со додатоци, пред, за време и по секој тренинг или натпревар.

Колку е важно тренирањето и колку редовно тоа треба да биде за да има најдобри резултати за кондицијата?

Indira-KastratovicБројот на предвидени тренинзи варира од сезона во сезона. Во текот на натпреварувачката сезона ние во ЖРК „Вардар“ тренираме осум до девет пати во неделата, во зависност од ритамот на играње натпревари. Редовен тренинг значи подобра физичка подготвеност и основа за подобри резултати.

Колку е важен балансот на внесените калории и потрошената енергија преку спортување?

Indira-KastratovicНа секој тренинг или натпревар се трошат голем број калории. За внесот на калориите кај нас во клубот се грижи медицинскиот тим, кој изработува план на исхрана за ракометарките.

Каква е улогата на жената во спортот во Македонија? Има ли разлики во тој поглед?

Indira-KastratovicВо ЖРК „Вардар“ жените имаат голема улога во организацијата на клубот, како и во организацијата на тренажниот процес. Претседателот и директорот на клубот се жени. Освен мене, тренер на првата екипа, во стручната работа се вклучени и поголем број тренери-жени во работата со помалите категории ракометарки.

Како ги балансирате своите професионални и семејни обврски? Се наоѓа ли време за сè?

Indira-KastratovicДобрата организација на моите активности ми дава можност и покрај професионалните обврски, да наоѓам време и за приватниот живот, особено кога се во прашање семејството и пријателите.

Какви пијалаци пие Индира?

Indira-KastratovicНе пијам алкохолни пијалаци. Водата е пијалак што најчесто го консумирам. Понекогаш правам исклучок со некоја чашка газиран сок, како Schweppes на пример.

Полна чаша на Instagram