ДОНАЦИЈА НА СКОПСКО ЗА МЛАДИТЕ МУЗИЧКИ ТАЛЕНТИ

Првата музичка фестивалска вечер од годинешниот „Струмица опен фестивал“ ја отворија Пивара Скопје и СКОПСКО со донација за набавка на инструменти за основното музичко училиште од овој град, кое уште од 1951-ва година е „расадник“ на таленти и музички виртуози познати во земјата и пошироко.

Во одбележувањето на 90 години долгата традиција на пивото со најдолга традиција  во земјата – СКОПСКО, што се совпаѓа со роденденот на Пивара Скопје, се вброи и донацијата на средства за набавка на инструменти за основното музичко училиште „Боро Џони“ во Струмица, реализирана во рамки на третото издание на културно-забавната манифестација „Струмица опен фестивал“.

„Како и музиката и СКОПСКО несомнено припаѓа во групата уникатни обележја и вредности кои претставуваат своевиден заштитен знак за Македонија и нејзините граѓани. Затоа сосема логична е нашата одлука да го поддржиме создавањето на идните музички виртуози, донирајќи средства за нови инструменти во едно од најпознатите музички училишта во земјата. Искрено се надевам дека оваа донација ќе им овозможи на младите кои го посетуваат музичкото училиште во Струмица, да го разбудат и усовршат својот талент, па дури и да ги достигнат ѕвездените височини во уметноста“, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска – Начевска, специјалист за односи со јавност во Пивара Скопје при примопредавањето на донацијата, кое се одвиваше на главната фестивалска сцена.

Новите инструменти кои ќе бидат набавени благодарение на СКОПСКО и Пивара Скопје ќе придонесат кон создавањето на некои нови музички мајстори од највисок калибар.
„Нашето училиште преку шест децении работи на развој на љубовта кон музиката кај децата и негување на нивниот музички талент. Од него произлегле големи музичари, гордост на училиштето, на нашиот град и на цела Македонија. Затоа, оваа донација има значење не само за учениците, туку и пошироко, за целокупната заедница“, изјави директорката на ОМУ „Боро Џони“, Клара Патарова, заблагодарувајќи им се на СКОПСКО и Пивара Скопје за прекрасниот гест, кој според неа ќе придонесе за понатамошните успеси на училиштето и неговите ученици.

Донацијата на СКОПСКО и Пивара Скопје за музичкото училиште идеално се вкпопи во карактерот на фестивалот во Струмица, во чии рамки, како еден од 28-те културно-уметнички настани, се одржа и летната школа за гитара која ја организираат токму професори од улилиштето „Боро Џони“.
Струмичкиот отворен фестивал е по многу нешта уникатна манифестација. Програмата во 11-те фестивалски денови изобилува со културно-уметнички настани, почнувајќи од ликовна колонија, вечери на поезијата, афоризмите, на филмот и театарот, промоции на книги, изложби, ревија на народни носии, трка на келнери… Во програмата на трите последни фестивалски вечери доминираат музичките содржини, прилагодени кон сите вкусови, кои во комбинација со одлично пиво и вкусна храна придонесуваат за одличната забава.

Полна чаша на Instagram