Концепти и платформи

РАМНОТЕЖА ПОМЕЃУ ВНЕСЕНИТЕ И ПОТРОШЕНИТЕ КАЛОРИИ

Концепти и платформи

Како дел од системот на Coca-Cola, The Coca-Cola Company и Пивара Скопје ги препознаа уникатноста на животниот стил и прехранбените навики на потрошувачите и нашата голема палета производи е основа за нашата заложба во однос на нивното здравје и благосостојба. Нудиме богато портфолио на пијалаци и пакувања со цел да одговориме на потребите на нашите потрошувачи за освежување, уживање, исхрана и хидратација. Со цел да им помогнеме на потрошувачите да донесат информирана одлука во однос на исхраната, The Coca-Cola Company и Пивара Скопје, се посветени на обезбедување реални, точни и разбирливи информации за хранливите вредности на сите производи од своето портфолио.

Нашите производи од портфолиото на The Coca-Cola Company, како што се сите пијалаци засладени со шеќер, се одлични за освежување, уживање и хидратација. Тие исто така содржат јаглехидрати кои се од суштинска важност за животот и се извор на енергија (калории). Важно е да се запомни дека секоја калорична храна и пијалаци потенцијално придонесуваат за внесување вишок калории во секојдневната исхрана. Токму затоа треба да внимаваме колкаво количество храна и пијалаци внесуваме. Она што е најважно е во нашата исхрана да ги вклучиме потребните хранливи состојки преку консумирање разновидна исхрана и пијалаци и да постигнеме рамнотежа меѓу калориите кои ги внесуваме и оние кои ги трошиме преку физичка активност.

Понекогаш е тешко да се воспостави рамнотежа меѓу внесените и потрошените калории. Ние сме посветени да им помогнеме на луѓето да ја постигнат рамнотежа преку:

  • Обезбедување транспарентни информации за хранливата вредност на самото пакување на производите,
  • Нудење производи со помал број калории, нискокалорични и пијалаци кои не содржат калории.

Основата на добрата исхрана и здравите навики ја сочинуваат рамнотежата, разновидноста и умереноста. Токму поради тоа се придржуваме кон принципот дека секој вид храна и пијалаци може да си го најде своето место во рамките на умерен, урамнотежен начин на исхрана, кој подразбира и редовна физичка активност. Следствено на тоа, компаниите за производство на храна и пијалаци се должни да обезбедуваат информации за хранливите вредности на нивните производи засновани врз факти со цел да им го олеснат изборот на своите потрошувачи. Таквите информации, во комбинација со соодветното едуцирање, се од суштинска важност за потрошувачите, со цел исполнување на нивните потреби за храна, вклучувајќи ја и потребата од енергија.

Од голема важност е системите за информирање во однос на исхраната да се засновани врз факти и да не обезвреднуваат или да демонизираат дадена храна или пијалак, ниту, пак, нивната улога во рамките на здравата исхрана. Информациите за хранливите вредности засновани врз факти претставуваат објективен приказ на количеството енергија и/или хранливите вредности за дадено количество храна или пијалак.  Дадените вредности се прикажуваат и процентуално со цел потрошувачите полесно да си ги претстават информациите во контекст на целокупната исхрана. Информациите засновани врз факти се добиени врз основа на научни податоци за исхраната, хранливите вредности и врската со здравјето и не претставуваат субјективен суд за важноста на хранливите вредности во рамките на исхраната сами по себе или, пак, на количеството дадено за секој производ поединечно. При утврдувањето на насоките во однос на исхраната, посебно внимание треба да се посвети на тоа „колку“ храна или пијалаци се консумираат (контрола на порции) и „колку често“ се консумираат.

Информациите дадени во однос на хранливите профили се засновани врз научни докази и податоци за исхраната, хранливите вредности и здравјето и се едноставни и важат за сите видови храна и пијалаци и се проверуваат пред нивната примена, со цел оценување на точноста и корисноста, за на потрошувачите да им се помогне да изберат храна со која ќе го подобрат квалитетот на својата исхрана. Информациите за хранливите вредности ја нагласуваат важноста на целокупната исхрана, признавајќи дека сите видови храна и пијалаци може да бидат дел од разумна и урамнотежена исхрана комбинирана со редовна физичка активност. Луѓето имаат различни енергетски потреби во зависност од тежината, висината, полот, возраста и нивото на физичка активност.

Информациите за хранливите вредности вклучуваат минимални вредности за енергија (килокалории и килоџули), масти, заситени масти, јаглехидрати, шеќери, протеини и сол, како и сите останати хранливи состојки чии прехранбени или здравствени придобивки се наведени. Поддржувајќи го концептот за транспарентност на енергетските вредности, секоја информација важи за една порција или за едно пакување и е дадена на предната страна на сите наши пакувања. Информациите за хранливите вредности се однесуваат на порција од 250 ml. Информациите на пакувањата кои може да се консумираат еднократно, како што се лименките од 330 ml, се однесуваат на целото пакување.

Податоците за хранливите вредности исто така содржат информација во однос на % на референтниот дневен внес (Reference daily Intakes (RI)) или на просечните дневни количества внес на калории (Guidelines Daily Amounts (GDA)), на енергија и сите хранливи состојки наведени на етикетата со информации за хранливоста. Информациите за референтниот дневен внес се засноваат врз референтниот внес препорачан за возрасен човек (8.400 kJ/2.000 kcal).

Информациите за референтниот дневен внес покажуваат колку енергија и специфични хранливи состојки се присутни во еден оброк/порција храна или пијалак и што претставува секое од прикажаните количества како процент од дневните потреби за храна на едно лице.

Информациите за % на референтниот дневен внес ни помагаат да направиме правилен избор, врз основа на нашите индивидуални потреби. Потребите за храна зависат од возраста, тежината, висината, полот и нивото на физичка активност. Вредностите за референтниот дневен внес не се препорачани целни вредности, туку референтни вредности за здрави лица со просечна тежина и со просечно ниво на физичка активност.

Што се однесува до управувањето со телесната тежина, важна е секоја калорија која ја внесуваме, без оглед на тоа од каква храна или пијалак потекнува. Тука се подразбираат и калории кои ги внесуваме преку нашите пијалаци. Токму поради тоа на потрошувачите им нудиме производи со намалени калории, нискокалорични и производи без калории во мали пакувања.

Животот е сладок кога имате опции. Веруваме во способноста на потрошувачите да донесат информирана одлука во однос на видот на пијалаци; во однос на засладувачите – калорични и бескалорични пијалаци – и во однос на големината на порциите.

Пијалаците без калории кои се нудат на нашиот пазар се во различни пакувања на Coca-Cola Zero, пијалак со вистински вкус на Coke и без калории. Исто така, нудиме пијалаци со намален број калории, како што се Nestea Peach и Nestea Lemon, кои се исто така достапни во различни пакувања.

Полна чаша на Instagram