ДРЕСОВИ СО ПОРАКИ ЗА УСПЕХ ЗА РАКОМЕТАРИТЕ

Вистинските навивачи на македонскиот ракометен тим предводени од СКОПСКО и Пивара Скопје, со пораки за добар настап и успех, ги испратија репрезентативците на Европскиот шампионат во Данска што започнува на 12-ти јануари и ќе трае до 26-ти овој месец.
Пораките од вистинските навивачи беа испишани на дресовите кои специјално за оваа намена беа изработени за секој член на репрезентативниот тим. Заедно со дресовите, секој од ракометарите доби и специјално СКОПСКО со персонализирана етикета, како спомен за учеството на 11-тиот собир на најдобрите ракометни репрезентации на Европскиот континент.

„Вие сте веќе наши херои; Оставете го срцето на теренот, а ние ќе бидеме со вас до последен здив; Еден–по-еден до нова сензација“… се само дел од пораките испишани на дресовите на ракометарите од навивачи од сите краеви на земјата.
– Им благодариме на СКОПСКО и на навивачите. Среќни сме и горди што имаме вакви вистински и верни пријатели и поддржувачи. Тие ни ја даваат најголемата сила и желба за успех. Останува да покажеме, со срце и душа, дека сме достојни за огромната доверба што ја добиваме“, изјави членот на репрезентацијата Стојанче Стоилов, во име на сите свои соиграчи.

Изработката на специјалните дресови со потписи и пораки од навивачите е само дел од активностите со кои се потврдува поддршката на СКОПСКО и Пивара Скопје на македонскиот ракомет која во континуитет трае повеќе од три децении и претставува најдолготрајна поддршка на овој спорт во Република Македонија.
Соработката на СКОПСКО со Ракометната Федерација на Македонија е пример за вистинско и пред сѐ искрено партнерство меѓу еден од најсилните македонски брендови со 90-годишна традиција и еден од најуспешните екипни репрезентативни спортови во земјава.

Полна чаша на Instagram