ЕДНОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Во пресрет на 28 Април – Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа, во Пивара Скопје АД беше организиран целодневен настан на кој преку учество воедукативен квиз, показни вежби и специјализирани обуки,сите вработени во компанијата имаа можност да го тестираат своето знаење од оваа област

Една од областите каде Пивара Скопје АД е своевиден пионер во Македонија и претставува пример за одлична практика во индустријата за пијалаци во земјава е токму делот на управувањето со безбедноста и здравјето при работа.

Ова се потврдува со фактот дека минатата година Пивара Скопје АД ја заврши без ниту една повреда при работа, што претставува исклучително достигнување во домашната индустрија, а е резултат на големата посветеност и вложувања во почитување на највисоките светски стандарди во овој домен. Заедничката цел и заложба на сите вработени е трендот на денови без повреди да се одржува во континуитет.

„Особено ме радува фактот што станав дел од компанија која и досега вложила многу енергија, време и средства за да обезбеди здрава и безбедна средина за сите свои вработени, како и за сите оние од нејзиното опкружување. Гледајќи колку внимание се посветува на темата за безбедност и здравје при работа, можам да кажам дека не сум изненаден што минатата година била достигната целта од 365 дена без повреда на работното место. Ова достигнување ќе бидемотив за сите нас во Пивара Скопје да продолжиме на ист начин и преку континуирана и интензивна работа во надградување на нашите знаења и вештини од оваа област и перманентно почитување на правилата да ја осигуриме нашата иднина, на секој од нас и на сите нас заедно“, рече меѓудругото новиот генерален директор на Пивара Скопје АД, Јаак Микел, обраќајќи се пред сите вработени присутни на годинешниот настан по повод 28-ми април – Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа.

Тематски,годинешниот собир за безбедност и здравје при работа во Пивара Скопје АД, беше посветен на почитување на правилата за безбедно возење, како и за елиминирање на потенцијалните опасности кои може да ја загрозат безбедноста и здравјето на вработените, а беа реафирмирани и шестте златни правила за безбедност и здравје при работа кои важат во Пивара Скопје АД, вклучително и во системите на Coca-Cola и Heinеkеn.

Пивара Скопје АД е меѓу првите компанииво Македонија која е сертифицирана според водечкиот меѓународен стандард за управување со безбедноста и здравјето при работа OHSAS 18001, којинаку не е задолжителен со нашето законодавство.