Студентско катче

ЕДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ПИВАРА СКОПЈЕ И НЕГОВАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ НА МЛАДИТЕ

Студентско катче

Големите компании успеваат да функционираат во средина исполнета со предизвици токму поради тоа што знаат како најдобро да ја искористат секоја прилика и дадена можност. Нивниот успех се темели врз унапредувањето на организацискиот начин на размислување, според кое опасностите се претвораат во можности и решенија. Успехот на секоја компанија е целосен само кога истата возвраќа на заедницата. Повеќе од 90 години ние во Пивара Скопје го споделуваме нашиот успех со нашата заедница и постојано инвестираме во подобра иднина.

Една од најдобрите практики на Пивара Скопје поврзана со инвестирањето во заедницата е нашиот Едукативен центар. Центарот беше отворен во 1997 година и расте и се развива веќе 18 години. Во текот на неговото постоење дојде до еволуција на неговата улога и опсег.

Основањето на Центарот беше наметнато од внатрешните потреби на компанијата за развој на вештините кај нашите вработени во различни области. Денес може да се сретнат голем број менаџери што работат на различни лидерски нивоа во Пивара Скопје кои поминале низ различни развојни програми организирани од Центарот. Секој нововработен задолжително ги проаѓаше неколкумесечните обуки кои се организираа во Центарот со цел да се здобие со основни деловни вештини и да добие сеопфатен вовед во работата на Пивара. Во 2001 година и јас бев една од нив, кога Пивара ме освои уште на прв поглед. Воведната програма на Центарот претставуваше одлична можност за млад човек како мене, кој влегува во светот на бизнисот, да се запознае со приказната за Пивара, да научи повеќе за клучните функции во организацијата и да почне со работа во областа на управувањето со проекти, комуникацијата и организациските вештини.

Подоцна Едукативниот центар ги отвори своите капацитети за надворешни учесници. Некои од надворешните учесници беа препознаени како потенцијални таленти и подоцна беа вработени во Пивара Скопје.

Денес главната цел на Едукативниот центар е вклучување во нашата заедница преку обука во областа на клучните менаџерски вештини наменета за надворешни учесници, а внатрешните развојни потреби за вработените на Пивара сега се покриваат со други функции, како што е Одделот за човечки ресурси и одделот за развој на комерцијални способности. Инаку, нашиот Едукативен центар е член на Европскиот совет за деловна едукација со седиште во Женева.

Со цел обезбедување најдобар развој на младите, нашиот Едукативен центар веќе 18 години е партнер со „Мотива“, високопрофесионална и компетентна компанија во областа на деловната едукација. Активностите на Едукативниот центар се спроведуваат преку програма за обука наречена „Обука за млади менаџери“, наменета за младите кои имаат желба да ги развијат своите менаџерски вештини. Програмата обично трае околу 2 месеца. Всушност, целта на програмата е да им се помогне на невработените да ги надминат пречките на патот кон вработувањето, како и на нововработените лица од други компании во земјата да се развијат и брзо и ефикасно да се приспособат на новата деловна средина. На таквите лица им се нуди пристап до деловни, претприемачки вештини и здобивање со основни финансиски познавања. Исто така, целта на обуката е кај нив да се поттикне самодоверба, самопочит и воспоставување врски со релевантни ментори. Со оваа програма ја охрабруваме претприемачката култура во земјата и ги мотивираме младите да ја земат иднината во свои раце.

Резултатите од активностите на нашиот Едукативен центар кореспондирааат со неговите цели.

  • Повеќе од 3.500 млади луѓе досега успеале  да ја  завршат програмата инспирирани со надеж за подобра иднина;
  • Програмата придонесува за намалувањето на стапката на невработеност: повеќе од 80% од учесниците денес се вработени;
  • Го поддржуваме претприемачкиот потенцијал на жените. Повеќе од 2/3 од учесниците во оваа програма се жени;
  • На децата без родителска грижа им нудиме причини да веруваат во подобро утре. Досега повеќе од 300 учесници се од Здружението на деца без родители (категорија која не плаќа за обуката);
  • Најдобрите студенти од Економскиот факултет и од Машинскиот факултет при државниот Универзитет и членовите на AISEC припаѓаат на категоријата која не плаќа за обуката;
  • Останатите учесници плаќаат симболична цена за програмата. Остатокот го финансира Пивара Скопје;
  • Спроведуваме годишни програми за нашите клучни купувачи со цел да им обезбедиме бесплатно учество во програмата за нивните вработени (обука за развој на деловни вештини со фокус на комуникацијата и продажбата);
  • Програмата успеала да инспирира околу 4% од учесниците да започнат сопствени бизниси кои денес успешно ги водат;
  • Ги инспирираме нашите лидери во Пивара Скопје да волонтираат преку предавања во рамките на програмата. Менаџерите на Пивара Скопје се постојано вклучени и држат свои предавања на доброволна основа;
  • Развивме силна мрежа на експерти, ментори и партнерства со цел спроведување на програмата. Така, покрај нашето постојано партнерство со „Мотива“, воспоставивме партнерски врски и со други субјекти, како што е Здружението на деца без родители, државниот Универзитет, а особено Економскиот и Машинскиот факултет, како и студентската организација AISEC;
  • Имаме предавачи од медиумите, од различни факултети, водечки претставници на бизнисот, амбасадори и други дипломатски претставници, претставници на различни владини тела, министри и други институции;
  • Го поддржуваме развојот на силни, активни и, пред сè, компетентни млади кадри кои ѝ се потребни на нашата земја.

Едукативниот центар на Пивара Скопје ја освои највисоката „Национална награда во областа на вложување во заедницата“ за 2011 година, во конкуренција на 59 пријавени проекти од најуспешните компании во земјата. Оваа награда беше кофинансирана од страна на Европската унија и спроведена од Министерството за економија, во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија, Стопанската комора на Македонија и здружението „Конект“.

Во Пивара Скопје постојано се стремиме кон подобар свет. Чекор по чекор, придонесуваме за тоа.

Полна чаша на Instagram