ЗАВРШИ ГОДИНЕШНОТО ОХРИДСКО ЛЕТО

После 40 дневната богата културна понуда, на отворената сцена Долни Сарај, со церемонијалното гаснење на фестивалскиот оган, беше спуштена завесата на јубилејното, 55-то „Охридско лето“. Честа да го затворат Фестивалот им припадна на актерите од Словенечкиот Национален драма театар од Љубљана, со театарската претстава „Figurae veneris historiae“ на Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски.

“Имавме полни гледалишта и на музичките и на драмските настани кои поминаа на фестивалската сцена. Околу 25.000 илјади посетители, гости од Србија, Хрватска, Грција, Чешка, Албанија, Франција дојдоа специјално да ги проследат 29 музички концерти, 13 драмски претстави и 10 настани од дополнителната програма. Годинава имавме публика од сите возрасти, на гледалиштата често имавме и организирани туристички групи, и секако, и за ова јубилејно издание, со нас беше и нашата верна публика и долгогодишните партнери и пријатели на Фестивалот, како Пивара Скопје” – изјави директорката на „Охридско лето”, Елизабета Јанкуловска.

Пивара Скопје со децении наназад е традиционален партнер на оваа уникатна, несекојдневна и восхитувачка фестивалска приказна, оставајќи свој посебен белег на сцената каде твореле и изведувале најславните светски имиња на културата, музиката и теaтарот.

Полна чаша на Instagram