ЗАПОЧНУВА ОВОГОДИНЕШНИОТ COCA-COLA ФУДБАЛСКИ КУП

Coca-Cola фудбалскиот куп на Пивара Скопје АД, Coca-Cola и Отворени забавни фудбалски школи продолжува и годинава. Со одигрување на натпревари низ Македонија, учесници во турнирите во фудбал ќе бидат 1500 ученици од 100 основни и средни училишта од 12 општини од цела Македонија.
Целта на  Coca-Cola фубалскиот куп веќе трета година по ред останува непроменета: создавање здрави животни навики кај младите преку практикување физичка активност исполнета со дружење и забава.

Цено Александровски, претставник на меѓународната организација Отворени забавни фудбалски школи партнер во проектот, по повод почетокот на Coca-Cola фубалскиот куп 2014г., изјави: ‘‘Од година во година интересот кај младите расте, а со тоа се зголемува и бројот на училишта и општини кои учествуваат во проектот. Младите сакаат да се активни бидејќи преку фудбалскиот турнир и другите спортски активности учат дека спортот е и забава, начин за водење здрав живот како и можност за дружење и градење на спортски дух. Ентузијазмот на децата е потврда дека сме на добар пат во создавањето млади поколенија свесни дека практикувањето спортски и физички ативности значи здрав начин на живеење.‘‘

Coca-Cola фубалскиот куп е пример на добра практика на поврзување на бизнисот, граѓанскиот сектор, локалната управа и образованието.
Учесниците се на возраст од 13 до 16 години, ученици во основните и средни училишта од општините ширум Македонија. Официјалниот почеток на турнирот е денес, а завршува со полуфиналните и финалните натпревари кои ќе се одиграат на 31 мај во Градскиот парк во Скопје.

Полна чаша на Instagram