coca cola

COCA-COLA

Coca-Cola е единствениот безалкохолен пијалак на кој му успеа ширум светот да го поврзуваат со поимот „уживање”. Тоа е затоа што на стотици милиони потрошувачи им нуди освежување, неповторлив вкус и енергија во едно единствено доживување. Единствен вкус кој носи врвно уживање, инспирација и вистинско освежување за телото, умот и духот, ја покренува силата на оптимизмот и го прави секој миг магичен.

Создаден во Атланта, САД, во далечната 1886 година како прва регистрирана трговска марка, Coca-Cola прерасна во најпознат, најпопуларен и најпродаван безалкохолен пијалак во светот, распространет на сите меридијани. Во 1991 година Пивара Скопје ја вклучи Coca-Cola како знаменосец во своето производствено портфолио на безалкохолни пијалаци.

Coca-Cola ја има и најпрепознатливата форма на шише во светот, која во 2015 година ја слави својата 100 годишнина. WWW.COKE.MK

coca cola

COCA-COLA ZERO

НУЛА ШЕЌЕР, ВИСТИНСКИ COCA-COLA ВКУС!

Oсвежување без калории и шеќер, Coca-Cola Zero го има вистинскиот Coca-Cola вкус и нула шеќер. Со други зборови – најдоброто од двата света! Ова е возможно благодарение на комбинацијата на 3 засладувачи коишто даваат сладок вкус, но без калории.

Возможно е! WWW.COKEZERO.COM

fanta

FANTA

Создадена на европско тло, во Германија, на почетокот на 40-тите години на минатиот век, Fantа многу брзо ја „разбуди” фантазијата на огромен број потрошувачи ширум Европа, Австралија и САД.

Особено е популарна меѓу тинејџерите бидејќи се поврзува со забава и со моментите поминати со блиските другари и пријатели. Оние кои ја пијат се разиграни, со слободен дух, спремни да ја покажат својата индивидуалност, со задоволство прифаќаат иновација и го живеат животот со полн здив. Кај нас ја има во два вкуса: вкус на портокал и на бозел.

Пивара Скопје почна со полнењето на Fanta Orange (Fanta со вкус на портокал) уште во 1991 година, а од 2004 година на домашниот пазар ја воведе и Fanta Shokata (Fanta со вкус на бозел), која многу брзо стана хит не само меѓу најмладите, туку и кај оние потрошувачи кои мислеле дека до нејзиното појавување имаа пробано сè. WWW.FANTA.MK

fanta shokata

FANTA Shokata

Уживај во освежувачкиот вкус на бозел на Fanta Shokata. Изненадувачки вкус кој те инспирира да ја истражиш неверојатната авантуристичка страна на светот.

Cool сино шише и неодолив летен вкус!

fanta dragonata

FANTA Dragonfruit

Најновата сензација е Fanta Dragonfruit, ни доаѓа од Далечниот Исток и нашите потрошувачи за првпат ќе ја доживеат и ќе ја пробаат. Ќе биде достапна во единствено и лимитирано издание што ќе донесе возбуда преку новите пакувања.

sprite

SPRITE

За прв пат Sprite се појави на глобалниот пазар во 60-тите години на минатиот век. Изминативе неколку децении успеа да се искачи на четвртото место на листата на најпродавани безалкохолни пијалаци во светот.

Милиони луѓе во повеќе од 160 земји во светот уживаат во невообичаениот освежителен и неверојатно чист вкус на Sprite кој „ве охрабрува да бидете тоа што сте”, едноставно, да се покорите на својата жед.

Благодарение на Пивара Скопје и македонските потрошувачи уживаат во уникатниот вкус на Sprite уште од 1994 година, кога за првпат почна неговото полнење.

schweppes

SCHWEPPES

Schweppes е врвен освежителен пијалак со софистициран вкус, омилен меѓу луѓето кои бараат освежување со стил. Златарот од Швајцарија, Jakob Schweppe, најверојатно не ни сонувал дека неговото експериментирање со процесот на газирање на водата ќе му го подари на светот еден од најуникатните по вкус безалкохолни пијалаци, кој за неговите верни потрошувачи навистина претставува злато.

Оригиналното освежително горко преточено во брендовите Schweppes Bitter Lemon и Schweppes Indian Tonic Water, благодарејќи на Пивара Скопје, а почнувајќи од 2000 година, им се доближи и на македонските љубители на квалитетни безалкохолни пијалаци.

WWW.SCHWEPPES.MK

schweppes

SCHWEPPES Tangerinе

Schweppes Tangerine е пијалак со стил, кој воедно е возбудлив и предизвикува!

Со сладок освежувачки вкус кој дава посебна арома на уживањето, со истовремено чувство на слаткост и свежина. Се пие во една голтка, прави атмосфера и инспирира.

Вкус кој треба да се открие!

Schweppes, потребен е карактер.

next joy

neXt JOY вишна

neXt JOY има овошен, природен и освежителен вкус, вистински извор на виталност и енергија, neXt JOY е многу повеќе од освежување и е идеален пијалак за жешките летни денови, создаден за млади луѓе полни со оптимизам, оние кои бараат забава во сè и постојано го бараат најдоброто за себе.

neXt JOY го има во три освежувачки вкусови: neXt JOY портокал, neXt JOY овошен микс и neXt JOY бозел.

fuzetea

FUZETEA

Fuzetea претставува фузија од чај, овошје и билки со неверојатен вкус. Направен од природни состојки, Fuzetea е ниско калоричен пијалак и е вистински избор за сите консументи кои бараат здраво освежување и оние кои сакаат подолго да уживаат и да се опуштат во времето посветено на себе, време за релаксација и хармонија.

Fuzetea може да биде со вкус на зелен чај, манго и камилица; црн чај, праска и хибискус и црн чај, лимон и лимонова трева.

rosa

ROSA

Rosa е природна изворска вода која закрепнува со силата на природата од Власинските врвови. До потрошувачите стигнува без никаква преработка, онаква каква што е на самиот извор кој се наоѓа на 1.550 m надморска височина во еколошки чисто, идеално опкружување на заштитена природа без населени места, индустрија и земјоделство.

Затоа Rosa е вистинска реткост во Европа.

skopsko

СКОПСКО

Комбинација од најквалитетни состојки, многу љубов и повеќе од 90 години традиција… Тоа е СКОПСКО! Еден од најсилните македонски брендови, дефинитивно наjсилен пивски бренд во земјава. СКОПСКО е синоним за квалитет, постојаност, традиција, доверба и уникатност.

Кога сакаш пиво, всушност мислиш на СКОПСКО. Така е речиси девет децении. СКОПСКО со златно-жолта боја и цврста бела пена за потрошувачите прерасна во вистински синоним за пиво. И тоа не е случајно. Тоа е резултат на макотрпна работа на генерации вработени во Пивара Скопје и нивната упорност во градењето на брендот кој го носи епитетот „Најдоброто пиво во Македонија“.

Но, СКОПСКО не е само традиција. За да се одржи највисоката позиција на пазарот, неопходно е задржување на највисокото ниво на квалитет, следење во чекор на предизвиците на модерното време и на барањата на новите генерации потрошувачи, како и креирање на нови потреби, но истовремено и одржување на стекнатата доверба кај оние кои со децении се навикнати на уникатниот вкус, свежина и задоволство што го нуди СКОПСКО.

Според независни истражувања, речиси и да нема македонски граѓанин што не слушнал или не знае што претставува СКОПСКО! Речиси и да не постои полнолетен граѓанин што не го пробал СКОПСКО! Во Македонија – кога сакаш пиво, всушност мислиш на СКОПСКО. WWW.SKOPSKO.COM.MK

СКОПСКО ВИДЕА(YOUTUBE)

skopsko ipl

СКОПСКО IPL

„СКОПСКО IPL“, умешно мајсторски направено, со рачно селектирани состојки и интензивен вкус. Специјалната мешавина и комбинација на благородни типови на хмељ, ги збогатуваат аромата и вкусот на пивото и секоја нова голтка, создава ново, уникатно пивско искуство. Ферментирано и нефилтрирано светло пиво, врз основа на оригиналниот рецепт на СКОПСКО.

Покрај основниот вид на хмељ на СКОПСКО, се додаваат 3 различни сорти хмељ, кои го потенцирааат вкусот на хмељот во пивото над сè друго. Овој процес се нарекува “Dry hopping” и се прави во фаза на одлежување на пивото. Со тоа ја добиваме специјалната варка на „СКОПСКО IPL“, ароматично пиво, облагородено со четири видови хмељ, од три различни континенти, со неодолив вкус, силна арома и угодна горчина за луѓе што размислуваат отворено и се нестрпливи да пробаат нови нешта и да добијат повеќе.

skopsko radler

СКОПСКО RADLER

Иновацискиот тим во Пивара Скопје кој е целосно посветен на изнаоѓање нови решенија, го создаде помладиот брат на супериорното СКОПСКО – СКОПСКО Radler. Во април 2012 година Пивара Скопје го претстави СКОПСКО Radler, коешто претставува бренд екстензија на СКОПСКО. СКОПСКО Radler е мешавина на најквалитетното пиво кај нас и сок од лимон кој ја гаси жедта и делува неверојатно освежувачки. Создаден е за активни млади луѓе кои се во потрага по совршено освежување.

Како пиво со 2% алкохол и совршена комбинација на состојки, СКОПСКО Radler ја стекна својата популарност веднаш по појавувањето во продажба, особено кај младите луѓе што се во потрага по совршено, двојно освежување (сок од лимон и пиво). Ова пиво е присутно на нашиот пазар во текот на летната сезона како една од најдобрите опции за освежување.

Со лансирањето на СКОПСКО Radler Пивара Скопје е доследна секогаш да нуди иновативни производи со беспрекорен вкус и квалитет. Креирањето на СКОПСКО Radler го отвори патот кон една нова категорија на пазарот на пиво, категорија со потенцијал да придонесе кон растот на целокупниот пивски пазар. СКОПСКО Radler е првото пиво од овој вид произведено дома, во Македонија. WWW.SKOPSKO.COM.MK

skopsko temno

СКОПСКО ТЕМНО

СКОПСКО Темно се произведува по оригинален рецепт на пивските мајстори во Пивара Скопје. Тоа претставува совршен микс на квалитетни природни состојки: темен јачменов слад, хмељ, квасец и вода; најсовремена технологија и големо искуство, знаење, љубов и страст кон пивото.

Покрај темната махагони боја, која произлегува од двојно печениот јачменов слад, новата бренд екстензија на СКОПСКО поседува и други уникатни карактеристики, како што е богатата и цврста пена која овозможува задржување на неговата свежина и богат вкус со заокружен благо горчлив финиш, со што потсетува на најпознатите баварски пива, без притоа да загуби од својата автентичност.

СКОПСКО Темно е единственото темно пиво произведено во Македонија кое се лансираше во 2014 година. И оваа бренд екстензија на СКОПСКО ги постави стандардите за развојот на овој сегмент на домашниот пазар. WWW.SKOPSKO.COM.MK

skopsko cresa

СКОПСКО ЦРЕША

Новиот член во семејството СКОПСКО, СКОПСКО Цреша е сезонско пиво кое заедно со СКОПСКО светло, СКОПСКО Темно и СКОПСКО Radler ја сочинуваат најбогатата пивска палета во Македонија. СКОПСКО Цреша има нова димензија која покажува дека пивото не е само „пијалак за освежување“ туку пијалак кој има посебен ритуал на консумација и нуди можности за уживање во различни пригоди.

СКОПСКО Цреша е високо квалитетно пиво направено од пивските мајстори во Пивара Скопје направено само од природни состојки, содржи арома и сок од цреша и има 4% алкохол. Ова пиво има уникатна производствена технологија во која аромата и сокот од цреша се додаваат во текот на производството на пивото. Карактеристично е по својот слатко-киселкаст вкус на цреша, интензивната незаборавна црвена боја и густата пена.

СКОПСКО Цреша се лансираше во 2015 година. WWW.SKOPSKO.COM.MK

gorsko

ГОРСКО

Како резултат на потребите на потрошувачите, во 2003 година нашето пивско семејство го проширивме со уште еден пивски бренд – Горско. Набрзо по неговото појавување, Горско ја зазеде позицијата за која е создадено – лидер во својот сегмент на светли пива со полесен вкус.

Горско,– кога ќе се спомене неговото име, веднаш се добива асоцијација на природа, освежување и чистота, нешта кои се најважни кога станува збор за вкусот на пивото.

Горско e пиво кое ги слави и обединува сите оние кои што знаат да го живеат животот на свој начин. Носечката порака „Твое пиво, твој начин“ е инспирирана од инвентивноста прикриена во секое ќоше од нашата земја, која извира од луѓето како еден вид на непроценливо богатство со кое располагаме.

Сите негови врвни карактеристики, се доказ дека Пивара Скопје знае да го погоди вкусот на потрошувачите на квалитетно пиво. Поради тоа, но и поради почитувањето на високите стандарди за квалитет и трасираниот пат на успехот од страна на неговиот „постар брат“ СКОПСКО, Горско многу брзо, успеа да стане уште едно омилено пиво на македонските потрошувачи.

amstel

AMSTEL PREMIUM PILSENER

Amstel Premium Pilsener е петти најсилен пивски бренд во светот, достапен на љубителите на пиво на над 75 пазари ширум светот.

Уникатна карактеристика за ова пиво, кое се произведува според оригинален рецепт уште од 1870-та година, е тоа што ферментацијата на пивскиот јачмен од кој се добива Amstel Premium Pilsener трае подолго отколку кај другите светли пива.

Од првиот момент кога Amstel Premium Pilsener беше создаден во Амстердам во 1870 година, пиварницата Amstel ги користи сето потребно време и стручност за неговиот врвен квалитет. Сега, со посебно внимание, Amstel Premium Pilsener се произведува во Пивара Скопје каде што нашиот главен пивски мајстор го остава да созрее Amstel Premium Pilsener малку подолго. Со овој бавен процес на созревање се постигнува совршен баланс меѓу вкусот и освежувачката карактеристика на ова пиво.

За првпат еден меѓународен пивски бренд се произведува локално во Македонија и токму кај нас, во Пивара Скопје. WWW.AMSTEL.COM

heineken

HEINEKEN

Во согласност со развојната стратегија на Пивара Скопје секогаш да им нуди на потрошувачите квалитет, но и разновидност, Пивара Скопје во своето портфолио гo има и најпопуларнoто светско пиво Heineken.

Heineken, интернационалното пиво број 1, како гордост на глобалното семејство компании од групацијата која го носи неговото име, во мај 2002 влезе во портфолиото на пивски брендови на Пивара Скопје. Heineken се произведува од далечната 1863 година. Високиот квалитет на пивото е постигнат со тоа што ги содржи најдобрите природни состојки и е плод од комбинацијата на традиционалното пивско мајсторство и модерната технологија.

Со воведувањето на Heineken, Пивара Скопје на македонските потрошувачи на квалитетно пиво им овозможи да застанат рамо до рамо со сите оние љубители на Heineken во над 200 земји ширум светот кои знаат да го ценат и да уживаат во оригиналниот вкус и автентичен квалитет наточен во препознатливото зелено шише. WWW.HEINEKEN.COM/MK

heineken

HEINEKEN 0.0

После долгогодишно внимателно истражување и користење на најсовремените методи во производство на пиво, тимот на врвни стручњаци од Хајнекен го создаде рецептот на првото безалкохолно Heineken 0.0, со својот препознатлив Heineken вкус, од 100% природни состојки и со само 21 калорија на 100ml.

Heineken 0.0 е направен од единствениот А-квасец и најквалитетните состојки кои го прават препознатливиот вкус на Heineken уште од 1873 годинa.

WWW.HEINEKEN.COM/MK

birra-moretti

Birra Moretti

Birra Moretti е италијанско пиво со традиционален рецепт од далечната 1859 година. Олицетворение на италијанскиот начин на живот, Birra Moretti е совршен избор за сите оние кои сакаат да го користат своето време на најдобар начин, уживајќи во скапоцените моменти со семејството и пријателите.

Произведено од најквалитетни состојки, со посебна комбинација на висококвалитетен хмељ кој го создава идеалниот горчлив вкус, Birra Moretti ќе го даде совршеното надополнување на вкусот на Вашиот омилен италијански специјалитет.

www.birramoretti.com

monster

MONSTER

Повеќето компании ги трошат своите пари за рекламни агенции, телевизиски реклами, радио спотови и билборди за да ви кажат колку се добри нивните производи. За Monster ние не избираме ниту еден од горенаведените. Наместо тоа, ја поддржуваме сцената, нашите бендови, нашите спортисти и нашите обожаватели. Ние ги поддржуваме спортистите за да можат да направат кариера, надминувајќи ја нивната страст. Ние промовираме концертни турнеи, за нашите омилени групи да можат да го посетат вашиот роден град.

Ние прославуваме со нашите обожаватели и возачи организирање забави и со организирање на најкул настани за кои можеме да помислиме во реалноста. Monster е начин на живот во лименка.

strongbow

Strongbow

Сајдерот е освежителен, 100% природен алкохолен пијалок направен на база на ферментација на јаболка и е совршен избор за оние урбани, динамични, млади авантуристи кои сакаат да се освежат и да уживаат вкусот на јаболко. Директно од овоштарникот, сајдерот ја носи природата во градот, во сечиј дом и на секоја маса. Фамилијата на Пивара Скопје се проширува со двата познати интернационални брендови: Strongbow и Apple Bandit. Strongbow е премиум сајдер со традиција повеќе од 50 години, и е еден од најпознатите брендови во светот, на нашиот пазар достапен во два вкуса: јаболко и шумско овошје. Apple Bandit е достапен премиум бренд со локален карактер кој ќе ги освои срцата на новата генерација, достапен во својот основен вкус на јаболко. Сајдерот е пијалокот на новата генерација.

apple bandit

Macallan 12 YO triple cask

  • Духовен дом – Изграден уште во далечната 1700 год. Имотот на The Macallan се наоѓа на голема површина од 160 хектари, од кој 90 хектари се со насади од јачмен. Посебната врста “Minstrel” јачмен е со векови развивана и одгледувана како би се постигнал врвниот вкус на ова виски.
  • Уникатни мали казани за дестилација – The Macallan казаните се невообичаено мали, најмали во регионот Speyside. Нивната уникатна големина и облик допринесува за вискозност и богати овошни ароми, како и исполнетост на вкусот, кои се карактеристични за The Macallan.
  • Срцето на процесот на дестилација –Ги земаме само централните 16% од дестилатот, овој дестилат се влева во дабови буриња во кои претходно е чувано шери вино. Овој дел е еден од најмалите и најфините во индустријата. Ова е главна причина за полниот богат вкус на Macallan.
  • Врвни дабови буриња – The Macallan вложува повеќе од било кој друг бренд во изработката и грижата за своите буриња, а токму тие се заслужни за единствените зачински ноти кој се одлика на ова виски.
  • 100% Природна боја – Богатата палета на бои на Macallan вискито се добива само од созревањето во веќе споменатите врвни дабови буриња.
  • Најфиниот дестилат – Од скромниот почеток во 1824 година, The Macallan прерасна од мал локален производител во глобална индустрија со бројни меѓународни признанија, пред се поради континуираната грижа за квалитет. Master blender-от и неговиот тим пробуваат илјадници примероци секоја година за да го зачуваат и направат уникатното Macallan виски познато низ целиот свет.
apple bandit

The Famous Grouse

  • The Famous Grouse е најпродаваното виски во Шкотска повеќе од 40 години.
  • Блендед скоч виски кое потекнува од Першир – Шкотска, земјата на скочот, домот на тетребот и родното место на овој најпродаван бленд.
  • Овој бленд за прв пат е направен од страна на Метју Глог во 1896 година во продавницата за жестоки пијалоци и вино “Mattew Gloag & Son”.
  • За разлика од многу други производители во тој период кои го ставале своето презиме како име на брендот, Метју се одлучува да го нарече “The Grouse” по националната птица и гордост на Шкотска – тетребот.
  • По одличниот успех и растот на продажбата, веќе во 1905 ја добива придавката “The Famous” и до ден денес е познат како “The Famous Grouse”.
  • Во овој бленд се користат едни од најквалитетните сингал малтови како The Macallan и Highland Park кои исто така се под капата на The Edrington.
apple bandit

Highland Park 10 YO

  • Highland Park e сингл малт виски кое доаѓа од крајниот север на Шкотска – Оркни островите. Ова е архипелаг од 70 острови на кои живеат приближно 20000 жители, кои себе се сметаат за директни потомци на викинзите. Викиншките кралства се нераскинлив дел од историјата на овие острови и најчесто низ историјата биле под нивна власт.
  • Highland Park е една од најстарите дестилерии и го негува традиционалниот начин на производство уште од 1789 година.
  • Една од основните каратеристики на ова високо ценето и многу наградувано виски е димната арома, која доаѓа од процесот на сушење на сладената житарка со тресет – богат со ароми на ливадско цвеќе.
  • Зреен во европски и американски дабови буриња во кои претходно имало шери, добиен е овој жив, балансиран 10 годишен сингал малт.
apple bandit

Naked Malt

  • Naked Malt е модерно премиум блендед малт виски кое инспирира слобода од конвенционалното размислување. Naked го спојува она наједноставното и најсложеното во виски. Знаеме дека вискито треба да го поврзуваме со годините на одлежување, премиум цена, врвна етикета, но ние мислиме дека нашето виски е најдобро за оние “моменти на ослободување” кога не ни е потребно ништо за да ги откриеме оние добри работи.
  • Ја користиме нашата вештина, нашите “naked first fill sherry” буриња и целосното наше внимание почит према вискито кое дава избалансиран вкус, онаков каков што има само Naked Malt.
  • Naked Malt – blended malt е направен од избор на најдобри поединечни single malt-ови вклучувајќи го The Macallan, Highland Park и Glenrothes. Одбраните малтови најпрво внимателно се мешаат а потоа се точат во она што ние го викаме “naked cask” – голо буре во кое дополнително зреат уште минимум 6 месеци.
apple bandit

Brugal 1888

  • Најдобриот рум во светот на виските, и најдоброто виски во светот на румовите.
  • Многу популарен и високо квалитетен темен рум Brugal 1888 доаѓа од познатата домениканска дестилерија Brugal. На пазарот за прв пат е представен во 2011 година, откако дестилеријата е превземена од страна на The Edrington Group. Настанат е на основа на искуство од пет генерации, долго дури 130 години, и набарзо стана мајсторски производ без кој денес неможат ни да се замислат некои коктели, посебно Old Fashioned и Manhattan. Brugal 1888 создрева двојно, првиот пат во американски бурбон буриња, а потоа дополнително во дабови шери буриња со потекло од Шпанија, како би се додала арома на сушено овошје и лесна слаткост на вкусот. Она што го прави посебен не е само дизајнот на шишето, туку и вкусот кој донекаде подсеќа на виски.
apple bandit

Campari

Campari е светска икона на миланскиот стил и извонредност, познат по својот горчлив вкус и цитрусен мирис. Токму поради тоа го карактеризираат како пијалак за искусни. Според “Светското Здружение на Бармени” (IBA) Campari е официјален битер за коктелите Americano и Negroni. Campari е еден од ретките алкохолни пијалаци кој е влистан со името на брендот во официјалната коктел листа на IBA здружението.

apple bandit

Aperol

Aperol е совршен аперитив со светло портокалова боја и уникатен горко-сладок вкус. Тој e фузија од скапоцени компоненти, многу билки и корени во совршено избалансирана комбинација. Aperol неодамна го прослави својот 100ти роденден и официјално е дел од Оксвордскиот речник опишан како италијански аперитив со портокалова боја. Aperol е клучна компонента во изработката на коктелот Aperol Spritz – моментално 6ти најпродаван коктел во светот.

apple bandit

Cinzano

Пенливите вина Cinzano се идеални за здравици, на крајот од оброкот или за некоја посебна пригода. Дизајниранo од енолозите на Cinzano за да го гарантира врвното искуството со Aperol Spritz, оваа мешавина на суво пенливо вино е свежа, газирана, нежна и овошна, со арома на јаболка и круша. Наменето да се ужива добро разладено во Aperol Spritz, или дури и во коктели со комплементарни овошја, Cinzano Pro-Spritz / To-Spritz е совршен за споделување со пријателите.

apple bandit

Cinzano Vermouth

Rosso: Оригиналниот израз на Cinzano портфолиото. Основна состојка во коктели, како и сервиран едноставно со мраз и малку сода за автентичен аперитив. Создаден во Торино, Cinzano Rosso е оригиналниот вермут на Cinzano. Неговата амбер боја ја одразува богатата фузија на билки и зачини, истовремено претставувајќи го неговиот престиж и квалитет.

Bianco: Кадифениот, нежен, но целосен ароматичен профил на Cinzano Bianco е особено ценет кога сервиран со мраз како традиционален аперитив или во лесни мешавини. Светло жолтиот вермут со полно тело и нежна арома, Cinzano Bianco е сладок и исклучително разновиден. Може да се ужива директно како аперитив или како состојка во коктел, а најдобро е да се служи претходно изладен.

apple bandit

Bulldog

BULLDOG е модерен џин со врвен квалитет кој го интерпретира класичниот лондонски сув џин, препознатливо комбинирајќи 12 различни билки создавајќи мазна и избалансирана завршница. Усогласувајќи го современиот вкус во шишето со подеднакво уникатна надворешност, BULLDOG џин е наточен во шише со потемни нијанси или црна и виолетова – продолжувајќи да ги поместува границите на традиционалните норми.

apple bandit

Bickens

Роден од мешање на дестилат од два крушковидни бакарни казани (pot still), Bickens e блендед џин – префинета интерпретација на лондонски сув џин. Неговата префинетост произлегува од изборот и мешавината на 10 различни билки кои се набавени од целиот свет. Благодарение на оваа билна мешавина Bickens Gin добива особен карактер преточен во вкус на сув лимон. Bickens Premium Pink Destilled Gin го комбинира непогрешливиот вкус на Bickens со прекрасниот додаток на природна арома на грејпфрут.

apple bandit

SKYY

Уникатна вотка, направена со подобрена вода со пацифички минерали. SKYY Vodka е број еден премиум вотка во САД и петта премиум вотка во светот. Преку процесот на четирикратна дестилација и тројна филтрација добиваме вотка со докажан, исклучителен квалитет и мекост. Започнувајќи со препознатливото шише вотка со сина кобалт SKYY и наградуваните рекламни кампањи, SKYY е синоним за квалитет, префинетост и стил.

apple bandit

OUZO 12

Ouzo 12 е узо со извонреден мирис на историја и традиција, и се претпочита поради неговиот богат вкус и неговата нежна арома. Денес, сè уште го задржува истиот вкус што го прави Ouzo12 еднo од најконзумираните брендови на овој жесток пијалок на грчката традиција со вкус на анасон. Ouzo 12 потекнува од Константинопол, сега познат како Истанбул, од 1880 година. Ouzo 12 е дел од Campari Group од 1999 година.

apple bandit

Wild Turkey

Бурбонот на Wild Turkey зрее во американски буриња од бел даб јагленисани на највисоко ниво - level 4 (alligator skin). Со ноти на слатка ванила, круша и ноти на зачин, овој бурбон завршува со вкус кој е полн и богат, без разлика дали се ужива чист или како дел од коктел. Wild Turkey е американска икона дел од таканаречената “голема четворка” на американското виски.

Полна чаша на Instagram