Медиа центар

Наша цел е континуирано и отворено да комуницираме со пошироката јавност.
Ве покануваме да ги погледнете најновите вести за нас.

ПИВАРА СКОПЈЕ Е ПРИМЕР ЗА УСПЕШНА И ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА КОЈА СЕКОГАШ СЕ ГРИЖИ ЗА СВОИТЕ ПОТРОШУВАЧИ И КУПУВАЧИ

Ни преставува особено задоволство што денес сите ние во Пивара Скопје АД имавме чест да бидеме домаќини на Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и Министерот за Економија, Крешник Бектеши.

Пивара Скопје како македонска компанија со стогодишна традиција на пазарот, и во исто време дел од корпоративните семејства на Coca Cola HBC и Heineken, секогаш градела и негувала меѓусебна соработка и партнерство со институциите и Владата, и сигурно понатаму ќе продолжиме во истиот конструктивен дух.

Како општествено одговорна компанија со високи корпоративни стандарди, секогаш сме целосно усогласени со сите законски прописи, и без исклучок ги почитуваме сите важечки мерки и одлуки на Владата.

Во оваа прилика би сакале да ја поздравиме подготвеноста на Владата и особено на Министерството за економија за аргументиран дијалог со бизнис заедницата, а сè со цел на изнаоѓање на заеднички решенија кои се пред сè во интерес на граѓаните.

Нашите потрошувачи остануваат наш примарен фокус, и ги почитуваме сите активности кои ги прават нашите производи подостапни за нив.

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram