ЗНАЧИТЕЛНО УЧЕСТВО НА ПИВАРА СКОПЈЕ ВО УСПЕХОТ НА COCA-COLA HBC

Со годишна продажба од 2 милијарди единечни пакувања безалкохолни пијалаци на 589 милиони потрошувачи во 28 држави, Coca-Cola HBC корпорацијата, каде припаѓа и Пивара Скопје АД, се зацврсти на второто место во светот меѓу производителите на пијалаци од портфолиото на Coca-Cola. Ова го покажува најновиот интегрален извештај на Coca-Cola HBC за 2014-та година, кој за првпат ги обединува податоците за перформансите на корпорацијата во сите сегменти на бизнисот, лидерството и влијанието врз животната средина.
„Свесни сме дека нашиот успех е тесно поврзан со виталноста и добросостојбата на нашите потрошувачи и заедниците во кои сме присутни. Повеќе од 10 години, во континуитет го подобруваме пристапот на одговорно и одржливо управување на нашите деловни активности, обезбедувајќи доверба преку создавање вредност за сите засегнати страни. Оваа вредност сѐ повеќе е детерминирана од фактори како што се општествената одговорност и грижата за животната средина, инвестиции во развој на човечки ресурси, активно вклучување на засегнатите страни. Сите овие активности дополнително придонесуваат кон нашиот деловен успех“, изјави Димитрис Лоис, главен извршен директор на Coca-Cola HBC.

Покрај значителните успеси на полето на бизнисот во 2014, корпорацијата покажа и забележителни перформанси во иницијативите за одржливост кои беа фокусирани на три клучни области: промоција на здравјето и благосостојбата на луѓето, намалување на влијанието на животната средина и поддршка на локалните заедници. Меѓу останатото, минатата година инвестирани се 5,8 милиони евра во проекти што овозможија заштеда на над 1,1 милијарди кубни метри вода. Во рамки на оваа заштеда значајно е учеството и на постројката за био-третман на вода во Пивара Скопје. Дополнително, најголемиот македонски производител на безалкохолни пијалаци и пиво, учествуваше и во програмите за заштедата на енергија во кои минатата година се вложени 4,3 милиони евра. Со набавка пак на нови ладилници кои не користат гасови што ја загадуваат околината, Пивара Скопје придонесе за оствареното реално намалување на емисија на т.н. стакленички гасови во атмосферата за 7,8% во однос на 2013-та.

Дополнително, Пивара Скопје учествуваше и во вкупната инвестиција на Coca-Cola HBC од 8,7 милиони евра во реализација на проекти значајни за локалните заедници. За својата посветенoст во реализација на ваков вид проекти, Пивара Скопје ја доби и националната награда за здравје и безбедност при работа за 2014-та година.
„Особено сме горди што инвестираме во проекти кои се значајни за луѓето и заедницата на која и припаѓаме. Низ нашата програма за едукација и обука досега поминаа над 3.300 млади луѓе од земјава, а преку Cola-Cola купот обезбедивме над 1.500 ученици да ги почувствуваат придобивките од активниот и здрав животен стил. Дополнителни 700 ученици ги вклучивме и во нашата програма за здравје и безбедност. Ова е само дел од нашиот реален придонес кон ширењето среќа како глобална мисија на Coca-Cola, но и одличен параметар за тоа како ние го разбираме нашиот компаниски успех и на што го темелиме нашиот развој во иднина“, вели генералниот директор на Пивара Скопје, Александар Ружевиќ.

Coca-Cola HBC неодамна беше прогласена за најдобра во светот меѓу компаниите за производство на пијалаци за 2014-та година од страна на „Дау Џонс индексите за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Indices). Истовремено, Пивара Скопје втора година по ред ја добива наградата за квалитет и одржлив развој, што е највисоко поединечно достигнување во оваа област во Coca-Cola системот.