Концепти и платформи

“AFTER-WORK” ЗАБАВИ ЗА ЕФИКАСНИ ТИМОВИ

Концепти и платформи

Ако не сите, тогаш дефинитивно најголемиот дел од нас сме многу среќни што секој ден работиме во тимови. Без разлика дали се работи за секторски или меѓусекторски проектен тим, голем дел од работното време го минуваме заедно, работејќи на заеднички задачи, обидувајќи се да исполниме дадени заеднички цели во соработка со колегите. Одлично е чувството да се постигне успех како тим. А доколку во текот на работата сме се сретнале со пречки или, пак, сме биле принудени да надминеме други тешкотии, тогаш чувството е уште поубаво!

Добрите вести се дека постигнувањето успех воопшто не е тешко. Ефикасните тимови постојано постигнуваат успеси без притоа да имаат некој посебен или таен рецепт.

Едноставно, тоа се тимови во кои членовите споделуваат заедничка визија и цели, постојано работат заедно во атмосфера на доверба и соработка. Секогаш постојат неколку начини на кои може да се постигне состојба на беспрекорна ефективност, вклучувајќи и чекори како утврдување заедничка визија, поставување јасни основни правила, цели и одговорности итн. Меѓутоа, во сите овие пристапи основно за изградба на ваква работна атмосфера во рамките на вашиот тим е воспоставување отворена двонасочна комуникација меѓу сите членови. Тоа е основата и почетна точка. Отворената комуникација ќе им помогне на луѓето подобро да се запознаат приватно и професионално, поефикасно да соработуваат и да се развиваат како тим. Без таквата двонасочна комуникација, лесно може да дојде до проблеми во координацијата на активностите и тешкотии при разрешувањето конфликти. Не е потребно да се каже дека во таков случај ќе се соочите со тешкотии при исполнувањето на целите на тимот.

Тогаш, како да постигнете беспрекорна комуникација во рамките на вашиот тим? Постојат неколку техники (или чекори), но две се особено важни.

Првата техника е да се разбере дека суштината на комуникацијата не е во тоа да знаеме да зборуваме, туку да знаеме да слушаме. Доколку знаете активно да го слушате говорителот, полесно ќе ја разберете пораката која се пренесува и на тој начин ќе ги охрабрите луѓето да Ви се обратат во секоја прилика кога сакаат да Ви кажат нешто важно.

Втората техника е да се биде свесен дека комуникацијата меѓу членовите на тимот не мора секогаш да се одвива во формална атмосфера, во рамките на работните простории и во текот на работното време. Всушност, неформалните состаноци во релаксирана атмосфера се далеку подобри за меѓусебно запознавање на членовите на тимот, за здружување и воспоставување отворена комуникација како основа за ефикасна тимска работа.

Во поглед на втората точка која ја споменавме, дозволете ни со Вас да споделиме едно од многуте искуства, односно почетокот на локалното производство на Amstel Premium Pilsener во април 2014 година. Таквите сложени проекти, кои вклучуваат голем број фази и често непредвидени компликации, се причина за славење на тимскиот успех. По секој успех, по секоја победа над пречките кои се појавија во текот на подготовката на проектот, тимот славеше по завршувањето на работното време – заедно. И не само тогаш, дури и кога се соочувавме со проблеми, се собиравме по работното време за да дискутираме, да се охрабруваме меѓусебно и да ги размениме нашите гледишта во порелаксирана атмосфера. Конечно, проектот дојде до својата завршница. Споделување на нашиот успех со другите. Почетокот го прославивме со забава на која беа поканети претставници од медиумите и менаџерскиот тим, како и останатите членови на тимот. Многу други успеси ги прославивме со голем број забави по работното време организирани за сите вработени на Пивара во различни кафулиња. Тие забави беа прилика членовите на тимовите да го споделат својот успех со другите вработени во Пивара, при што беше очигледно присуството на вистинска гордост.

Таквите забави им помогнаа на проектниот тим и на вработените во Пивара да изградат поизразено чувство на посветеност на проектот, како и заедничка позитивна атмосфера која придонесе за успехот на останатите тековни проекти.

Таквите настани не се потребни само при завршувањето даден проект. За постигнување добар напредок е уште поважно да се организираат мали прослави при завршувањето важни етапи од проектите. Тоа често се потценува и се заборава. Токму во рамките на ваквите мали прослави може да се постигне голем напредок на проектите, затоа што тие придонесуваат за отворена и искрена комуникација, зголемување на енергијата и зајакнување на позитивниот дух. Целта е сите суштински елементи на секој проект или тим да функционираат на најдобар начин.

Според тоа, Ви предлагаме да размислите за организирање повремени забави по работното време, на кои ќе бидат поканети членовите на проектните тимови, оддели или меѓусекторски тимови. Дружете се со вашиот тим во опуштена атмосфера, особено доколку пред вас претстојат важни фази на проектот на кој работите. Веднаш ќе ја увидите разликата!

Полна чаша на Instagram