КОМПЈУТЕРСКО МЕРЕЊЕ НА ОПТИМАЛНАТА ХИДРАЦИЈА ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ

По повод Светскиот ден на водите
Компјутерско мерење на оптималната хидрација за добро здравје

Пивара Скопје АД, со своите два бренда висококвалитетни пакувани води – BonАqua и Rosa и оваа година ќе учествува во одбележувањето на 22 Март – Светскиот ден на водите што традиционално го организира Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
Граѓаните кои ќе го посетат штандот на Пивара Скопје АД на настанот што се ќе одржи во недела, 17-ти март, во „Паркот на езерата“ во општина Аеродром, ќе можат да добијат корисни информации за значењето на чистата и проверена вода за пиење. Воедно ќе имаат и уникатна прилика да извршат компјутерско мерење на неопходното количество вода и останати пијалаци кои секојдневно треба да ги внесуваат за да постигнат оптимално ниво на хидрација на организмот.
Покрај двете свои проверени води Rosa и BonАqua, Пивара Скопје АД им нуди на потрошувачите и голем избор на други пијалаци од своето портфолио кои во својот состав ја имаат чистата и висококвалитетна вода. На таков начин, сите потрошувачи, од најмладите до највозрасните, имаат вистински избор со кој можат да постигнат оптимална хидрација која е неопходна за нивниот физички и умствен развој.
Науката докажала дека водата, која сочинува над 70% од човечкото тело, е неопходна за одржување на сите витални системи и органи во телото на човекот, вклучувајќи ги крвотокот, срцето, мозокот, бубрезите, кожата и мускулите. Течностите го регулираат крвотокот, ја подобруваат еластичноста на кожата, го успоруваат стареењето и го подобруваат тонусот на мускулите. Адекватната хидрација е неопходна за правилно функционирање на човечкиот мозок. Недостатокот на течности (дехидрација) може да доведе до нарушување на концентрацијата, намалување на способноста за размислување, па дури и до губење на меморијата.
Според експертите, децата до осум годишна возраст треба дневно да внесуваат и до 1,7 литри (7-8 чаши) вода и останати течности, а за возрасните оваа препорачана количина е поголема и изнесува до 3,7 литри (16 чаши) за мажите и до 2,7 литри (12 чаши) течности за жените. Најефикасен начин за дополнување на неопходните течности се постигнува со комбинација на вода и најразновидни пијалаци.

Полна чаша на Instagram