Концепти и платформи

КОНСУМИРАЈТЕ ОДГОВОРНО

Концепти и платформи

Во Пивара Скопје цврсто веруваме дека само одговорното консумирање може да ни овозможи вистинско уживање во пивото. Токму поради тоа одговорното консумирање зазема голем простор во нашата комуникациска агенда. Како што се вели во нашата реклама, херој е оној кој пие одговорно!

Толку е смешно што некои мажи мислат дека колку повеќе пијат, толку повеќе ќе ги привлечат жените. Но истражувањата всушност покажуваат дека жените сметаат дека умереното консумирање алкохол и одржувањето на самоконтролата е далеку посекси од прекумерното пиење.

Мисијата на нашата компанија е умереното пиење да стане „кул“. Одговорното консумирање е една од областите на кои се фокусираме во рамките на агендата за одржливост во Пивара Скопје. Како лидери на пазарот, ние сме одговорни за промоција на одговорната консумација на алкохол и кон тоа пристапуваме многу сериозно. Тоа не е само проект кој треба да се спроведе, туку е наша долгорочна заложба. Сериозно пристапуваме кон промоцијата на одговорното консумирање, врз основа на конзистенција и континуитет на нашата работа.

Како дел од платформата „Консумирај одговорно“, ние ја промовираме оваа тема во текот на пивските фестивали. Пивара Скопје, со СКОПСКО како централен бренд, е постојано посветена и ги поттикнува сите љубители на пивото искрено да уживаат во фестивалите на пивото кои се случуваат во Прилеп, Струмица, Скопје, Штип итн. Организираме различни активности со кои ги инспирираме луѓето што ги посетуваат фестивалите во атмосфера на вистинско уживање во пивото, музиката и храната. Без инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир и без загрозување на безбедноста во сообраќајот. Во Пивара Скопје сме им длабоко благодарни на споменатите општини кои се наши партнери во промоцијата на одговорното пиење.

Тимот на Пивара Скопје, поддржан од локалните општински тимови, постојано спроведува различни промотивни концепти насочени кон информирање и едуцирање на љубителите на пивото за потребата за одговорно консумирање.

Нашиот концепт се заснова врз тоа нашите СКОПСКО промо-тимови да вршат мерење на нивото на алкохол во организмот користејќи посебен мерач. Доколку со мерењето се утврди повисоко ниво на алкохол во организмот, над законското ограничување, тогаш на лицето му се дава ваучер обезбеден во соработка со локална такси-компанија, заедно со совети за умерено пиење. Оние, пак, на кои ќе им се измерат нивоа пониски од законски ограничените, добиваат симболичен подарок.

Друг концепт кој го промовираат нашите СКОПСКО тимови се заснова врз делење едукативни информативни летоци, кои исто така имаат QR-код, кој кога се скенира со мобилен телефон, обезбедува директен пристап до веб-страницата на СКОПСКО каде што се претставени неколку специфични ситуации предизвикани од неодговорна консумација на алкохол, заедно со совети за тоа како да се избегнат.

Тимовите на СКОПСКО организираат и наградни квизови во текот на денот, кои освен забава, нудат и едукација поврзана со одговорното пиење.

Пивара Скопје и СКОПСКО се пионери во промоцијата на одговорното пиење во земјата. На тој начин влијаеме позитивно врз заедницата на која ѝ припаѓаме. Фактите говорат дека забавата и уживањето одат рака под рака со пивото. Вистинските љубители на пиво знаат дека квалитетот и квантитетот не секогаш одат заедно. Токму поради тоа веруваме дека умерената консумација носи најголемо уживање.

Вработените во Пивара Скопје се вистински пивски амбасадори и се незаменливи за промоција на одговорното пиење. Во Пивара Скопје секогаш почнуваме од себе, обидувајќи се да бидеме пример за одговорно консумирање пиво.

На здравје и доколку пиете, не возете!

Полна чаша на Instagram