Портфолио

ЛИДЕРИТЕ НОСАТ ВОЗБУДА НА ПАЗАРОТ

Портфолио

„Ми го разубавивте денот“, ова беше коментарот на еден од нашите потрошувачи на објавата дека го лансираме новото СКОПСКО Темно. Во тој момент сфатив дека имаме одличен производ кој ќе постигне голем успех. Воодушевувањето на потрошувачите е инспирација за секоја компанија и добивањето ваква повратна реакција од нив значи дека се движите во вистинската насока.

Како бренд, СКОПСКО се фокусира на иновации. Нашата иновациска „фабрика“ изобилува со возбудливи вести за нашиот бренд и ние и натаму сме насочени кон тоа да ги слушаме нашите потрошувачи и постојано да одиме напред.

Темно пиво беше нешто што потрошувачите долго време го бараа од СКОПСКО и  среќни сме што во 2014 година успеавме да го лансираме производот, што значеше воспоставување целосно нова поткатегорија во пивскиот сегмент.

Произведено по оригинален рецепт на нашите пивски мајстори, СКОПСКО Темно е совршена мешавина на висококвалитетни природни состојки: слад, хмељ, квасец и вода.

СКОПСКО Темно припаѓа на семејството на „данкел“ (темни) пива, со 5,2% алкохол и многу карактеристичен сладок вкус на карамела. Темната боја на махагон, која е резултат на двојно печениот јачменов слад, и цврстата пена овозможуваат задржување на свежината и богатиот вкус со горчлива нишка, претворајќи го првото македонско темно пиво во вистинско задоволство за сите познавачи на пивото.

Одличен избор за студените денови, одлично во комбинација со храна, се послужува на температура од 10 степени во чаша за СКОПСКО Темно, оваа екстензија на нашиот бренд ќе си поигра со вашите сетила и ќе ви ги обои моментите поминати со пријателите со посебен вкус.

Зимата во 2014 година навистина имаше поинаков вкус поради СКОПСКО темно. Оваа зима, во 2015 година, повторно продолжуваме со нашата мисија да нудиме освежување. Како и со секоја друга иновација, потребно е време, страст и енергија со цел дадениот производ да стане дел од секојдневното уживање на нашите потрошувачи.

И не само кај потрошувачите, туку постои голема возбуда и кај самите вработени во Пивара. Можеби поради фактот дека лансирањето беше резултат на напорна тимска работа или поради тоа што СКОПСКО Темно беше иновација која сите долго ја подготвувавме, во секој случај, овој производ дефинитивно ги раздвижи амбасадорските чувства и активности на нашите вработени.

А сега седнете за момент и замислете. Совршен студен ден. Се наоѓате во вашата омилена кафеана со вашите најдобри другари, топла облека, црвено месо и сирење на скара. Го повикувате келнерот, можеби веќе десетина минути, и конечно доаѓа со мало ливче хартија и пенкало, подготвен да ве задева. Сите во еден глас извикувате: СКОПСКО за нас! Но тогаш…токму тогаш СКОПСКО е она поради што доаѓа до пресврт. Едниот нарачува СКОПСКО светло, друг нарачува цела порција мешано месо и СКОПСКО Темно, а некои, пак, сакаат да уживаат во неколку предјадења и да уживаат во СКОПСКО Цреша. Келнерот се враќа со различни бои, мириси и различна возбуда за секого од вас. Вистинска експлозија на сетилата.

Тоа што сме нација со најниска стапка на консумирање по глава на жител во регионот, а притоа сме пазарни лидери и бренд икона, нè тера постојано да иновираме, да се подобруваме и да им носиме нови вести на нашите потрошувачи.

Нашиот потрошувач Андреј на нашата страница на „Фејсбук“ напиша: „Во 2014 година конечно го добивме првото македонско темно пиво.“ Па, Андреј, слушајќи ги вашите коментари, во 2012 година го лансиравме првиот „радлер“ во земјата, во 2015 година веќе го имаме нашето прво пиво со цреша и ти ветуваме тебе и на сите наши потрошувачи дека ќе продолжиме да ве изненадуваме, да иновираме и да ве возбудуваме затоа што токму тоа е разликата меѓу тоа да се биде пазарен лидер и следбеник.

Изберете го вашето омилено СКОПСКО, она СКОПСКО кое најмногу им одговара на вашите потреби и вкусови, светло, Radler, темно или цреша. Уживајте во вкусот ширејќи оптимизам и наздравувајќи за доброто кое нè очекува.

СКОПСКО за нас.

Полна чаша на Instagram