МАКЕДОНИЈА ГИ ДОБИ СВОИТЕ НОВИ ФУДБАЛСКИ ЅВЕЗДИ

Денес на стадионот на Работнички во Градскиот парк во Скопје се одржаа финалните натпревари од овогодинешниоит Coca-Cola куп организиран од страна на Пивара Скопје АД и Coca-Cola, заедно со организацијата „Отворени забавни фудбалски школи“.

На учесниците во финалните натпревари им беа доделени златни медали, но единственоста на Coca-Cola купот е тоа што сите млади луѓе учесници во купот се победници.
На финалето му предходеа натпревари одиграни во изминатиот месец во кои учествуваа 1.500 момчиња и девојчиња од 100 основни и средни училишта од 12 општини во Македонија.
Основната цел на проектот е активно вклучување и практикување физички активности од страна на децата преку забава и дружење како и создавање навики за здрав живот и спортски дух уште од школски денови.

Цено Александровски претставник меѓународната организација „Отворени забавни фудбалски школи“,  изјави:
„ Од година во година во проектот учествуваат сè поголем број млади луѓе, училишта и општини. И овој пат проектот е пример на добра практика за обединување на бизнис секторот, образованието и општините. Би сакал повторно да им се заблагодарам на Компанијата Coca-Cola, Пивара АД Скопје, како и на училиштата и општините за нивната подршка и што сите заедно го овозможивме денешниот настан кој претставува завршница на една од најмасовните спортски манифестации за деца организирани во Македонија.

Значењето на проектот го истакна и Ѓорѓи Христов, регионален претставник на Компанијата Coca-Cola :
“Ние, во системот на Coca-Cola веруваме дека нашиот бизнис може да биде одржлив и здрав исто колку што е општеството на коешто му служиме. Затоа, даваме особено значење во создавањето млади генерации свесни за улогата на здравите животни навики. Проектот покрај промоцијата на спортот и физичката активност, обезбедува одлична основа за развој на љубовта кон спортот, желбата за стекнување нови пријателства и негувањето семејни вредности.‘‘

‘‘Годинава Coca-Cola купот обедини повеќе од 1500 деца од 12 општини од многу училишта низ Македонија. Нашиот проект успеа да ги мотивира сите овие деца, нивните семејства и пријатели да излезат надвор и да спортуваат. Гледајќи ги со колкав ентузијазам играат, се забавуваат и се дружат ние во Пивара АД Скопје сме повеќе од задоволни бидејќи гледаме дека ја сфатиле нашата порака: спортските активности се неизоставен дел од здравиот начин на живеење‘‘, рече Катерина Хаџи– Ангелеска Начевска, специјалист за односи со јавноста во Пивара АД Скопје.

Покрај натпреварите во фудбал, во рамки на Coca-Cola купот беа организирани и многубројни разновидни спортски и забавни игри во кои беа вклучени членовите на семејства на учесниците на купот, нивните другарчиња и пријатели, со што настанот прерасна во единствено доживување за сите вклучени страни.

Полна чаша на Instagram