Најчесто поставувани прашања и одговори

Погледнете ја подолу, листата на најчесто поставувани прашања и одговори. Ако се уште имате прашања за нас, слободно контактирајте не на нашата адреса: pivara.skopje@pivaraskopje.com.mk

Како можам, мојата идеа / иновација лично да ја претставам во Пивара Скопје?

Првичното разгледување се прави исклучиво врз основа на информациите кои Вие ни ги испраќате на апликацијата и тие нема да имаат статус на доверливост. Доколку за време на нивното разгледување, потребни ни се дополнителни информации, навремено ќе Ве информираме. Доколку не, тоа значи дека нашите тимови работат на разгледување на Вашата идеа / иновација за чиј исход ќе добиете повратен одговор.

Како да ја поднесам мојата идеа / иновација?

Сите Ваши идеи / иновации потребно е да се поднесуваат преку апликацијата на нашата веб платформа наменета за поднесување на Вашите иновации.

Какви информации и се потребни на Пивара Скопје за да изврши анализа на мојата идеа / иновација?

Потребен ни е јасен опис кој објаснува по што Вашата идеа / иновација е уникатна и кои предности ги има во однос на веќе постоечките решенија. Понатаму, сакаме да го знаеме статусот на интелектуалната сопственост. Ако имате одобрен патент, Ве молиме прикачете копија од истиот, за да го разгледаме. Од голема корист за време на процесот на евалуација на Вашата идеа / иновација, би ни било доколку ни ги испратите сите пропратни информации, анализи и резултати од евентуалните испитувања и тестирања кои ги имате.

Имајте во предвид дека сите поднесени информации нема да имаат статус на доверливост. Ова значи, дека само информациите кои ги имате заштитено преку процесот за заштита на интелектуалната сопственост, како што се патентите, остануваат Ваши. Секој документ кој означува таков патент или интелектуална сопственост задолжително треба да биде дел од Вашата апликација.

Како да ги испратам прото-типовите од мојата иновација до Пивара Скопје?

Ако веќе имате прототипови на располагање, Ве молиме наведете ја таа информација во апликацијата. Ние потоа ќе Ве контактираме доколку се одлучиме дека истите ни се потребни.

Треба ли да ја испратам мојота иновација / идеа кога истата не е патентирана или не е во постапка на патентирање?

Ве молиме имајте во предвид дека се што поднесувате во апликацијата нема да биде со статус на доверливост и Пивара Скопје нема обврска информациите да ги чува во тајност. Од тие причини, Ви препорачуваме и апелираме, да ги заштитувате Вашите иновации пред истите да бидат предложени до нас. Патентите имаат за цел да ја дефинираат сопственоста и да ги заштитат правата на носителот на специфичната иновација. Од тие причини за нас е многу важно ова прашање однапред да биде јасно за сите учесници во овој процес. Дали Вие ќе ја заштитите Вашата иновација зависи од Вас. Ве советуваме да консултирате правен советник доколку имате било какви дополнителни прашања по основа на ова прашање.

Дали Пивара Скопје ќе потпише договор за доверливост пред да ја споделам мојата иновација?

Не, сите информации од апликациите немаат статус на доверливост. Ако сакаме да дознаеме повеќе по иницијалното разгледување, ќе Ве побараме за да се договориме за следните чекори, како би продолжиле понатаму.

Колку време и е потребно на Пивара Скопје до испраќањето на првичниот одговор за поднесената идеа / иновација?

Вашата апликација ќе биде разгледувана од нашиот тим во Пивара Скопје, сочинет од искусни експерти и специјалисти од различни области. Со цел да извршат соодветна проценка, процесот на анализа и евалуација може да трае и до 8 недели до добивањето на првично мислење.

Колку Пивара Скопје би платила за мојата идеа / иновација?

Секоја идеа може да има деловни можности, а со тоа и своја вредност. Поради ова, ние не користиме стандардна вредност, туку ја прилагодуваме вредноста за да одговара на вредноста на самата иновација.

Каков деловен договор можам да очекувам?

Повеќе видови бизнис договори се можни. Ова зависи од типот на договорот кој треба да биде применлив на самата иновација, како и врз основа на нашите заеднички деловни потреби.

Зошто би сакала Пивара Скопје да соработува со мене?

Ние искрено веруваме дека со взаемно надополнување на нашите знаења со Вашата стручност и можности, создаваме силен тим, кој веруваме може да создаде големи дела. Соработката со Вас ќе ни овозможи да создадеме значајни иновации заедно и истите ги прилагодиме со цел уште подобро ги задоволуваат потребите на нашите купувачи и потрошувачи.

Кои се може да аплицира со идеа / иновација во Пивара Скопје?

Нашата алатка е отворена за секој.

Дали Пивара Скопје соработува со големи, мали компании или индивидуални иноватори?

Пивара Скопје е компанија која подеднакво им дава шанса на сите да поднесат своја идеа / иновација. Воедно веруваме дека посебно малите компании или индивидуалните иноватори можат да дадат свој значаен придонес и за таа цел нашиот тим за иновации има подеднаков пристап и е отворен за партнерски однос со сите заинтересирани страни.

Што очекува Пивара Скопје?

Ние сакаме да научиме од Вас, да ги сплотиме нашите знаења и заедно да создадеме нови деловни можности и успеси. Секако на тој пат ќе наидеме на предизвици кои заедни ќе ги решаваме. Затоа ние сме среќни да соработуваме на полето на иновациите кои заедно ќе определиме дека ќе помогнат подобро да ги задоволат потребите на нашите купувачи и потрошувачи.

 

Полна чаша на Instagram