НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ ЗА НОВ СЈАЈ НА ЦЕНТАРОТ НА СТРУМИЦА

СКОПСКО – еден од најсилните македонски брендови и дефинитивно најсилниот пивски бренд во земјава, донираше повеќе од 50 стилизирани канделабри кои му дадоа нова естетска вредност на центарот на Струмица.
Донацијата на СКОПСКО за граѓаните на Струмица, ја одбележа првата музичка фестивалска вечер на Strumica Open Festival 2013, „зачинета“ со ладно пиво, вкусна храна и се разбира одлична забава.
Новите канделабри се распределени во паркот кој се наоѓа во неопосредна близина на градскиот плоштад „Гоце Делчев“. Со новото осветлување, градскиот парк добива нов сјај со што прераснува во едно од најомилените катчиња за престој и релаксација на жителите и посетителите на Струмица.

„Преку овој подарок за Струмичани, СКОПСКО уште еднаш ја потврдува својата трајна мисија – да остане најсаканото пиво за сите потрошувачи во Македонија, искажувајќи го истовремено својот висок респект за потребите на заедницата, чиj неодвоив дел е веќе девет децении, со што на најдобар начин потврдува дека – Едно е СКОПСКО!“, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска, специјалист за односи со јавноста во Пивара Скопје.

Акцијата која овозможи освежување на изгледот на централниот градски парк е реализирана во соработка со локалната самоупрaва на Струмица која ги изврши неопходните градежни зафати и електрични приклучоци за поставување на канделабрите.
„Новото јавно осветлување, покрај тоа што ја зголемува функционалноста на овој дел од градот, придонесува и за збогатување на неговиот естетски лик со тоа што совршено се вклопува во имиџот на Струмица кој го посакуваме и на кој интензивно работиме во изминатите години, а кој претставува спој на модерното и класичното, на нашата традиција, но и на новиот современ динамичен начин на живот“, изјави градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, доделувајќи им благодарница на Пивара Скопје и СКОПСКО за партнерството во реализацијата на овој општествено одговорен проект.

Новите канделабри во Струмица се дел од долгорочниот проект на Пивара Скопје АД и СКОПСКО за поддршка на општините во подигнување на стандардите на урбаното живеење. Вaкви канделабри и друга урбана опрема досега се поставени во Прилеп, Охрид, Крива Паланка, Кривогаштани, Скопје и други општински центри, а акцијата ќе продолжи и во иднина.

Полна чаша на Instagram