НОВО СВЕТСКО ПРИЗНАНИЕ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА СКОПСКО

Празник за сите страсни љубители на пивото

СКОПСКО e годинешен добитник на 4 златни медали од Институтот за селекција на квалитет “Monde selection”, една од најрепрезентативните организации за проверка на квалитетот на пијалаците и прехранбените производи во светот, признаена од Европската Унија.

Високата награда за квалитет СКОПСКО ја доби во конкуренција од над 3.000 производи од 80 земји ширум светот. Во категоријата на пива, СКОПСКО е единственото од поширокиот регион кое на годинешната селекција е наградено со златен медал за највисок квалитет. Во светски рамки, покрај СКОПСКО, наградени се уште само десетина пива.
Од првиот медал од “Monde Selection” доделен уште во 1978-та година, па сè до денес, континуираниот висок квалитет на СКОПСКО е награден со над 200 медали, трофеи и останати високи меѓународни признанија.

Ваквото врвно досигнување е доволен повод за Пивара Скопје АД да отпочне со програма наречена „Ние го сакаме пивото“, чија цел е негување на пивската култура во земјава и ширење на позитивната приказна за пивото, започната пред 7000 години.

„Исклучително сум задоволен од успехот што во континуитет го постигнуваат СКОПСКО и останатите наши пивски брендови. Тој успех во глобални рамки е резултат на нашата заедничка посветеност да ги произведеме и да им ги направиме достапни на нашите потрошувачи најдобрите пива на светот, пива со исклучителен и потврден квалитет, пива кои го дефинираат пазарот и сите нас во Пивара Скопје не прават исклучително горди што на различен начин учествуваме во нивното создавање“, изјави Генералниот директор на Пивара Скопје АД, Јаак Микел, на настанот што се одржа во Пивара Скопје АД, а на кој присуствуваа сите оние кои учествуваат во создавањето на пивото, како и оние кои овозможуваат да стигне до потрошувачите.

На настанот на кој со одлична храна, музика и добро расположение се празнуваше квалитетот и вкусот на одличното пиво, беше промовирана и првата група вистински амбасадори на пивото во Македонија, составена од 12 претставници на Пивара Скопје АД чија мисија ќе биде да ја шират вистината за пивото, неговата уникатна вредност и начинот на производство до што поголем број луѓе кои ќе бидат негови уверливи гласници и поддржувачи.
Покрај во вкусот на одличното пиво и забавата, сите посетители на настанот имаа можност да се запознаат со начинот и капацитетите за производство на пиво во Пивара Скопје АД, како и да ги добијат сите информации околу вредностите, карактеристиките, начинот на послужување на пивото, неговото комбинирање со храна и останатите негови уникатни карактеристики.