Совети за аплицирање

ПАТОТ ДО РАБОТАТА КОЈА ЈА САКАТЕ

Совети за аплицирање

Зборот „патување“ значи „движење“. Во областа на градењето кариера и управувањето со човечките ресурси, на тоа гледаме како на „патување кое нè води кон успех“. За секое патување е потребна крајна дестинација до која сакаме да дојдеме и искуство кое се стекнува во текот на патувањето.

Истото важи и за градењето кариера. Секој треба да си ја постави својата крајна дестинација, како да стигне таму, кои се најважните чекори што треба да ги преземе, што треба да научи и со кои искуства треба да се здобие по пат. Особено е важно одлуките да ги донесеме пред почетокот на патувањето, за да не губиме време и фокус. Треба да се почне од почеток, а тоа значи да се изгради база на знаење и искуство, почнувајќи од долу, па движејќи се нагоре.

Денес најдобри лидери се оние кои започнале од најдолното скалило на хиерархијата во својата компанија во областа во која се најдобри, за која се свесни дека се способни да постигнат успех во иднина и за која се сигурни дека ќе постигнат најмногу и за која поседуваат најголем потенцијал и потребните вредности. Сè се сведува на тоа да сфатиме што сакаме, која е нашата страст, да имаме визија за себеси, да работиме макотрпно, да имаме храброст да згрешиме, но исто така и да сме подготвени да научиме нешто ново, особено од нашите, но и од грешките на другите. Сè се сведува на тоа да бидеме отворени, да си поставуваме нови предизвици, да се трудиме да бидеме најдобри во нашата работа, да признаеме дека не знаеме сè и дека треба вредно да учиме за да бидеме успешни во иднина. Треба да запомниме, ароганцијата го убива успехот и нашите можности да бидеме успешни. И, не запираме тука. Да се биде успешен значи да се биде почитуван, да се има почит кон она што го работиме, а што е најважно, да се има почит кон луѓето со кои работиме, нашите колеги, соработници, претпоставени, кон нивното искуство и знаење, компанијата во која работиме, кон купувачите, потрошувачите и заедницата. Сократ рекол: „Знам дека ништо не знам.“ Оваа реченица ја содржи суштината на значењето на вистинското знаење, таа е суштинска за она што претставува учењето, нешто во што имаме потреба да веруваме за да имаме здрав кариерен развој. Градењето кариера се сведува на постојано учење и работа.

Кариерниот развој, кариерното управување, управувањето со таленти, како и привлекувањето и вработувањето таленти се области кои се од стратегиска важност за секоја компанија во поглед на постигнувањето на нејзината визија, грижата за луѓето и демонстрирањето одговорност кон нив, фокусирајќи се на оние со висок потенцијал.

Избирањето кандидати е област на која ѝ пристапуваме особено сериозно. При секое вработување (внатрешно или надворешно), започнуваме од потребните квалификации за слободното работно место. Тоа е многу важен дел од процесот, поради тоа што на тој начин се поставуваат основите, се утврдуваат одговорностите на работното место, и се дефинираат потребните квалификации во поглед на образованието, значењето и вештините. Ваквите квалификации за даденото место се објавуваат во рамките на нашите огласи во медиумите, проследени со нашите вредности и принципи. При пријавувањето за даденото работно место секој кандидат треба прво да одговори на следните основни прашања:

  1. Дали ги разбирам квалификациите потребни за работното место?
  2. Дали го имам потребното образование, знаење, искуство (доколку се бара) и вештини?
  3. Дали вредностите на компанијата се согласни со моите вредности?
  4. Дали тоа работно место е токму она на кое би можел/-а и би сакал/-а да работам во моментот?
  5. Кои се придобивките за мене лично, што ќе добијам од нив, сега и во иднина?
  6. Како би можел/-а да придонесам за успехот на тоа работно место?

Како се одвива процесот на избирање кандидати?

Во зависност од позицијата, бараме кандидати на различни начини. Најголем дел од позициите се објавуваат во огласи преку различни комуникациски канали. Потрагата по кандидати за повисоките позиции се одвива со помош на специјализирани консултантски компании кои имаат искуство во таа област. Еден од начините кои ги користиме е користење на базата на податоци која се состои од претходни пребарувања или базата на податоци составена од биографии кои сме ги добиле преку нашата веб-страница надвор од формалните огласи за работно место, опција што ја користат лица кои, едноставно, изразиле подготвеност и желба да работат во нашата компанија.

Пријавување за работното место

Мотивациско писмо

Мотивациското писмо претставува алатка која на кандидатот за работното место му дозволува да ни ја „продаде“ неговата приказна зошто тој/таа е најдобриот кандидат за работното место. Мотивациското место на кандидатот му дава можност да ни даде дополнителни информации во врска со неговото работно искуство, знаење, вештини и силни страни врз основа на кои смета дека е најдобар кандидат. Од особена важност е мотивациското писмо да е добро структурирано и да не е подолго од една страница. Во него кандидатот треба да се фокусира на посакуваното/целното работно место, да биде јасен и концизен, а писмото треба да одразува позитивност. Исто така, мотивациското писмо треба да содржи информации за животот и работните вредности на кандидатот.

Кратка биографија (CV)

Првиот чекор во процесот на избирање кандидати е разгледувањето на кратката биографија (curriculum vitae) во согласност со насоките дадени во огласот. Преку кратката биографија го добиваме првиот впечаток за секој од кандидатите. Во кратката биографија секој кандидат треба да достави податоци за професионалното искуство и образование со цел да докаже дека ги исполнува квалификациите претпоставени за соодветното работно место, како и податоци за неговите вештини, знаење, вредности и принципи.

Кратката биографија е, всушност, резиме на личниот и професионалниот развој на кандидатот и му овозможува да се истакне меѓу останатите кандидати. Секој кандидат треба да го резимира своето искуство и вештини (од професионален и образовен аспект). Од особена важност е секој кандидат да го изрази сето тоа на начин на кој најдобро ќе ги прикаже своите вештини, знаење, силни страни и професионално искуство и да покаже дека тие се соодветни за работното место. Тоа значи да се нагласат вештините, знаењето и искуството кои се важни и се однесуваат на работното место за кое се пријавувате, а да се изостават оние кои не се толку важни во моментот.

Кога разгледуваме една кратка биографија, секогаш прво гледаме како е структурирана и дали ги содржи сите потребни информации. Тоа зборува многу за кандидатот. Секогаш внимавајте да користите соодветна структура и да ги вклучите сите потребни информации:

Лични информации:

Име, адреса, телефонски број, електронска пошта, брачен статус, датум на раѓање;

Резиме на кариерата:

Накратко опишете се од професионална гледна точка, на пример, јас сум посветен работник, лојален, амбициозен, со шестгодишна кариера во областа на производи за широка потрошувачка и во фармацевтска компанија;

Образование:

Кој е Вашиот највисок стручен назив, заедно со датумот (од-до) – тоа значи да наведете информации за Вашето формално образование за кое имате диплома или сертификат (сертифицирано образование);

Исто така, нагласете ги Вашите поважни постигнувања во текот на образованието (доколку ги има);

Вештини:

Истакнете ги најважните вештини кои ги имате и опишете ги (секако, треба да имате и соодветни примери со кои ќе ги поддржите таквите информации);

Вработување:

Започнете прво со моменталното работно место и навраќајте се наназад, сè до Вашето прво работно искуство. Информациите треба да се претстават во овој тек:

Работно место;

Име на компанијата и индустријата;

Главни одговорности/oбврски (максимум 7 кратки потточки);

Главни постигнувања со кои се гордеете;

Директни извештаи: (ако сте имале луѓе кои ве известувале вас; да се нагласи колку) пример 5 директни извештаи / или 2 директни извештаи (супервизори) и под нив по 4 луѓе на секое.

Препораки: Максимум 3 препораки;

Процес на избирање кандидати

Првична селекција

По добивањето на кратките биографии од кандидатите, ги разгледуваме и ги селектираме врз основа на тоа дали ги исполнуваат минималните квалификации за работното место, како и врз основа на впечатокот кој сме го добиле од структурата на кратката биографија и мотивациското писмо. Токму затоа кандидатите треба да посветат внимание на тоа како ги подготвуваат и структурираат кратката биографија и мотивациското писмо.

Процес на оценување

Во зависност од работното место и потребните вештини, искуство и знаење, користиме голем број различни методи за оценување. Секогаш користиме методи кои се внимателно дизајнирани или избрани во согласност со квалификациите потребни за секое работно место. Сите методи за оценување се замислени со цел кандидатите да имаат можност да им покажат на лицата од Одделот за човечки ресурси и менаџерите вклучени во тој процес дека располагаат со потребното искуство, квалитети и вештини.

Интервјуирање

Интервјуата играат важна улога во процесот на избирање кандидати. Тие претставуваат можност да се запознаеме со кандидатите, да дискутираме во врска со вредностите и принципите во кои веруваат, да ја видиме реалната подготвеност и мотивација за работа, како и подобро да го разбереме нивното искуство и знаење. Главниот принцип на кој се потпираме е да го најдеме вистинскиот човек за секое работно место.

Исто така, важно е и кандидатите да се подготват за интервјуто, затоа што преку интервјуто можеме да откриеме во колкава мера нивното искуство и вештини стекнати на претходните работни места се совпаѓаат со нашите вредности и принципи на однесување.

Така, за да се подготват за интервју, на кандидатите им го предлагаме следното:

  • Да се потрудат да остават добар прв впечаток, со тоа што ќе бидат облечени професионално, уредно и чисто, и ќе се однесуваат професионално. Од суштинска важност е да пристигнат навреме на интервјуто и да ги носат сите потребни документи.
  • Направете мало истражување за компанијата во која аплицирате, за да научите повеќе за индустријата, пазарот и производите со кои работи компанијата. Исто така, информирајте се општо за работното место со цел да бидете подготвени за евентуални прашања.
  • Секогаш добро обмислувајте ги одговорите, кои треба да бидат кратки и концизни. Внимателно слушајте ги прашањата, обидете се да ги разберете и давајте директни и јасни одговори. Убаво структурирајте ги одговорите. Прво размислете, не брзајте да одговорите и дајте концизен одговор.

Медицински преглед пред вработување

Секој избран кандидат мора да го помине медицинскиот преглед кој е задолжителен. Таквиот преглед се извршува на наш трошок во еден од нашите реномирани медицински центри. Нашите колеги одговорни за овој сегмент ќе ве упатуваат во текот на постапката.

Ве очекуваме да се пријавите за слободните работни места во нашата компанија.

Полна чаша на Instagram