ПИВАРА СКОПЈЕ АД ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСНОСТА ЗА ХИДРАТАЦИЈА И ПИЕЊЕ ПРОВЕРЕНА ВОДА

Пивара Скопје АД ќе земе активно учество во годинешниот настан по повод 22-ри Март – Светскиот ден на водите кој го организира Институтот за јавно здравје на Република Македонија со цел промоција на значењето на чистата и проверена вода за пиење.

Притоа, единствено Пивара Скопје АД, на својот промотивен штанд, преку иновативен калкулатор, ќе им овозможи на сите заинтересирани граѓани да извршат мерење на потребното количество вода и останати пијалаци кои секојдневно треба да се внесуваат за да се постигне оптимално ниво на хидратација на организмот.

„Со широката понуда на брендови во своето портфолио, нивната достапност и точните податоци за нивниот состав Пивара Скопје АД, како општествено одговорна компанија, е посветена кон тоа да им помогне на потрошувачите да го направат вистинскиот избор за постигнување оптимална хидратација која е неопходна за физичкиот и умствениот развој. Прокрај брендовите вода, сите наши брендови во основата на својот состав повторно ја имаат токму водата.“, изјави Маја Муратовска – Чанговска, специјалист за односи со јавноста во Пивара Скопје АД.

Настанот ќе се одржи во сабота, 24. март 2012 г. од 11 до 15 часот во паркот во општината „Ѓорче Петров“, каде меѓу другото ќе се одржи јавна промоција на пакуваните води кои редовно се испитуваат во лабораториите на Институтот за јавно здравје. Таму, Пивара Скопје АД ќе ги претстави своите два бренда на висококвалитетни пакувани води – Bonaqua и Rosa, чија безбедност и квалитет се потврдени при редовните испитувања од страна на надлежни институции во земјата и странство, меѓу кои и Институт за јавно здравје.
Науката докажала дека водата, која сочинува над 70% од човечкото тело е неопходна за одржување на сите витални системи и органи во телото на човекот. Според експертите, најефикасен начин за дополнување на неопходното ниво на течности е комбинацијата на чиста, проверена вода и најразновидни пијалаци, што доведува до оптимална хидратација на организмот. Опасностите од дехидратација за физичкиот и умствен развој на човекот се огромни и затоа експертите советуваат секојдневно да се внесуваат доволно количества проверена вода и останати пијалаци.