ПИВАРА СКОПЈЕ ИНВЕСТИРАШЕ ВО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО НА ГЛОБАЛЕН ПИВСКИ БРЕНД – AMSTEL PREMIUM PILSENER

Вo годината кога Пивара Скопје АД одбележува 90 години од своето успешно работење, најголемата македонска пиварница го збогати своето производствено портфолио, лансирајќи на пазарот нов пивски бренд – Amstel Premium Pilsener. Во подготвките за стартот на производството на новиот глобален пивски бренд се вложени над 600.000 евра сопствени средства на компанијата.

„За прв пат, со оваа инвестиција, успеваме да ја ставиме Македонија на мапата на производители на глобални пивски брендови, што е голем успех на македонската економија и уште повеќе ја зацврстува водечката позиција на Пивара Скопје во сегментот на производство на високо квалитетно пиво“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јаак Микел, потенцирајќи дека вклучувањето на глобален бренд од рангот на Amstel Premium Pilsener во производственото портфолио на Пивара Скопје „претставува круна на достигнувањата на компанијата и генерации нејзини вработени“.
Amstel Premium Pilsener, со годишно производство од над 10 милиони хектолитри е петти најсилен пивски бренд на светот, достепен на љубителите на пиво на над 75 пазари ширум светот.

Уникатна карактеристика за ова пиво, кое се произведува според оригинален рецепт уште од 1870-та година, е тоа што ферментацијата на пивскиот јачмен од кој се добива Amstel Premium Pilsener трае подолго отколку кај другите светли пива.
„На ваков начин се извлекува максимумот од природните состојки од кои се произведува ова пиво, во кое дополнително се вградени целокупното знаење, вештина, љубов и страст на генерации пивски мајстори во Пивара Скопје“, вели менаџерот за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов, објаснувајќи дека кај Amstel Premium Pilsener е постигнат „совршен баланс меѓу вкусот и свежината“.

„Тоа е исклучително питко пиво, со интензивна златна боја и богат вкус на хмељ, што му дава уникатен и впечатлив вкус, кој особено е препознаен и ценет од страна на вистинските познавачи на пивото“, дециден е овој мајстор на пивскиот занает.
Новиот софистициран вкус на Amstel Premium Pilsener, произведен во Пивара Скопје, веќе започна да се дистрибуира и станува достапен за сите љубители на пивото во земјава, доаѓа во уникатно екслузивно пакување по цена која е прилагодена за македонскиот пазар и која истовремено одговара на врвниот квалитет на брендот. Со оваа инвестиција уште еднаш се докажува посветеноста и долгорочната стратегија на Пивара Скопје за развој на домашниот пазар на пиво.

Полна чаша на Instagram