ПИВАРА СКОПЈЕ СО ДОНАЦИЈА ЗА ШКОЛАТА НА МЛАДИ ЛИДЕРИ

Во Охрид, од 17-ти до 28-ми Август, под покровителство на Претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов, се одржa Школата за млади лидери на која учествуваа 44 учесници и 20 предавачи од Македонија, Европа, САД, Израел и Мароко. Во изминатите 5 години, 200 млади надежни лидери и повеќе од 200 реномирани предавачи од земјава и странство беа дел од овој проект.

Програмата на Школата опфаќа предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични лидерски вежби. Целта на оваа школа е, пред сè, да се стимулираат позитивните вредности кај младите лидери и идни политички, културни и економски предводници на нашата земја, но и да го развие нивниот капацитет за справување со предизвиците на глобалната технологија, меѓународната конкуренција и културната и религиска диверзификација. Школата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба да ги развиваат своите лидерски вештини и капацитети, и да придонесат за идниот позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.

Проектот е помогнат и со донација на Пивара Скопје, а на отварањето на овогодинешната Школа почесен гостин беше и В.Д. Генералниот директор на Пивара Скопје АД, Вице Мутерс.