ПИВАРА СКОПЈЕ СО ТРАДИЦИОНАЛНА ПОДДРШКА НА ГАЛИЧКА СВАДБА

Овогодишното, 42-ро издание на Галичка свадба традиционално се одржа на Петровден (11-ти јули, 2015) во Галичник каде на едно место дојдоа илјадници посетители од земјава и странство, кои одново беа сведоци на вековните свадбени обреди проследени со традиционални народни носии, песни и ора кои пленат со својата автентичност, убавина и културна вредност. Пивара Скопје уште еднаш ја потврдува својата улога во негувањето на македонското културно наследство каде повеќе од четири децении континуирано е помагател на оваа единствена културно-сценска манифестација од ваков вид во земјава и пошироко.

Пред заминување за Галичник, во рамки на подготовките за уникатната свадбарска традиција, Пивара Скопје им беше домаќин на невестата Билјана Гогоска и зетот Филип Белчев, каде „од прва рака“ се запознаа со создавањето на нашата автентична приказна што трае веќе 90 години. При посетата на Пивара Скопје, специјалните гости се закитија со титулата „Амбасадори на пивото“, што е уште еден симболика по која ќе ги паметат деновите кога станале дел од уникатната македонска традиција.

Полна чаша на Instagram