Портфолио

СКОПСКО, МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ОБИЧЕН БРЕНД

Портфолио

Уште на влезот на Пивара Скопје се чувствува слаткиот мирис на јачмен и хмељ, што буди убави чувства. Со самата прошетка низ емоциите кои ги поттикнува овој мирис, почнувате да се чувствувате гордо. И тогаш првото што Ви паѓа на ум е – СКОПСКО.

Магијата почнува со секое чукнување на шишињата и глетката на портокаловите пивски гајби.

Тоа е вистинска магија.

Токму тоа се случува кога ќе почнете да пиете ладно СКОПСКО налеано во чаша и да уживате во цврстата пена, како и во специфичниот горчлив вкус. Во тој момент почнува чистото задоволство кое го поттикнува чувството на припадност и токму тогаш се чувствувате горди. Горди Македонци. СКОПСКО е причина за гордост на Македонците и Македонците се горди со СКОПСКО. 82% од населението тврдат дека се горди со овој бренд. Токму затоа СКОПСКО не е обичен бренд.

Надградувајќи ја визијата на двајцата Чеси кои ја отвориле првата пиварница во овој регион, веќе 90 години овој бренд е дел од животите на луѓето и дел од историјата. Кога СКОПСКО беше промовирано како „НАЈДОБРОТО ОД МАКЕДОНИЈА“, брендот ги славеше боите на земјата во рамките на првите интегрирани маркетинг-кампањи спроведени во нашата земја. Во текот на 90-тите години, годините на градењето на независноста на нашата земја, СКОПСКО испрати храбра порака дека „СÈ Е МОЖНО“. Во 2000 година СКОПСКО ги собра славните кои рекоа: „САКАМ СКОПСКО“. Во тоа време сите во Македонија знаеја дека кога сакаат пиво, прво избираат СКОПСКО, затоа што е „НАШЕТО НАЈДОБРО“. Кога пиете СКОПСКО, не само што се освежувате, туку го чувствувате „ВКУСОТ НА МАКЕДОНИЈА“ и токму поради тоа, „ЕДНО Е СКОПСКО“. Денес брендот ги повикува луѓето да ѝ се придружат на светлата страна на животот и да уживаат во малите и автентични моменти на дружење со едноставни емоции и славејќи нè НАС -„СКОПСКО ЗА НАС“.

Ние ги поместуваме границите, почнувајќи од спомените на кои слатко се смееме помислувајќи на славните календари на СКОПСКО, до тоа да се биде еден од општествено најодговорните брендови во земјата. СКОПСКО не само што пулсира во ритамот на земјата, туку е и добар пример за тоа дека може да се биде локален бренд со светски стил.

Во една пригода еден српски дизајнер ми кажа дека дизајните на СКОПСКО, а особено етикетите, биле изучувани на часовите на белградскиот Факултет за дизајн. Во тој момент се сетив дека моќта на СКОПСКО е неговиот оригинален глас и оптимистичка енергија. Секоја етикета на СКОПСКО е спомен на една генерација и скапоцено наследство за сите нас.

Но не е сè во бројот на годините во текот на кои се трудиме да изградиме посебен бренд, едноставно затоа што во светот има брендови кои се многу постари од СКОПСКО. Тајната е во блискоста која нашиот бренд ја изгради со своите потрошувачи. Автентична, искрена врска.

Тоа, заедно со фактот дека СКОПСКО поседува една од водечките вредности на брендот, нè предизвикува постојано да иновираме и да ги изненадуваме потрошувачите. Магијата започнува во оној момент кога луѓето ја вградуваат својата љубов при производството на овој „вкус со карактер“, а продолжува со сите нас кои сме горди амбасадори на брендот.

Почнувајќи од СКОПСКО Silver moon, па сè до пуштањето во продажба на првиот Radler и првото темно пиво во Македонија, ја покажуваме нашата заложба за напредок и ги обојуваме различните моменти во различни вкусови, а некогаш дури и правиме нешто само поради задоволство, за што пример е пивото со вкус на цреша.

Којзнае можеби СКОПСКО со луто пиперче, некој нов вид или посебно календарско издание… Пред нас стојат многу интересни работи, кои секогаш се водат од желбата за создавање возбуда, провоцирање и иновирање. СКОПСКО и натаму ќе создава возбуда, но, уште поважно, секогаш ќе биде автентично.

Поради тоа што СКОПСКО е бренд кој Македонците го ценат со генерации, може да го наречеме бренд-икона на земјата и токму поради тоа ние сме многу повеќе од обичен бренд.

Да наздравиме за сето добро кое нè очекува – СКОПСКО ЗА НАС.

Полна чаша на Instagram