Портфолио

ROSA, ПРВОТО ЕКО-ШИШЕ СО ДО 30 ПРОЦЕНТИ РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО

Портфолио

Rosa на пазарот во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина го лансираше првото еко ПЕТ шише, чија амбалажа е со 30 проценти растително потекло, што ја прави наполно погодна за рециклирање. Од 2013 година целокупното ПЕТ портфолио на Rosa се произведува согласно со технологијата PlantBottle™.

Тоа што Rosa беше првата вода која на домашниот пазар го воведе еко шишето, претставуваше иновација и на ниво на цела Европа, со што Rosa дополнително се позиционира како лидер помеѓу водите кои користат напредна технологија за промоција на еколошки пакувања.

На оваа иновација ѝ претходеше и проект во чии рамки тежината на ПЕТ шишињата е намалена за 30 проценти, на тој начин што е смалено количеството пластика потребно за да се произведе едно шише, а без притоа да се наруши квалитетот на пакуваниот производ. Со овој проект, Rosa значително придонесува кон зачувувањето на животната средина бидејќи е намалена употребата на фосилни горива за производство на ПЕТ материјалот, а со самото тоа, намалена е и емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата. Денес во материјалот на ROSA шишето е содржан етанол добиен од шеќерните трски од Бразил, кој е претставник на првата генерација биогорива прифатени низ целиот свет поради еколошкиот ефект. Со ова Coca-Cola системот, како и секогаш, продолжува да ја унапредува технологијата која ќе овозможи да се зголеми количеството рециклиран и обновлив материјал во самите пакувања на производите.

Паралелно со сите овие иницијативи, поттикнати се и голем број активности за зголемување на свесноста кај потрошувачите за важноста на рециклирањето и предноста на користење еколошки пакувања кога е во прашање животната средина.

Признанието за вложените напори во насока на одговорно користење на природните ресурси, неодамна пристигна и во вид на Златен EWS сертификат кој Rosa го доби за успешно применети еколошки стандарди, а истиот го доделува Европската агенција за управување и заштита на водите (European Water Stewardship).

Полна чаша на Instagram