Концепти и платформи

ПРИКАЗНАТА ЗА RADLER

Концепти и платформи

Што се крие зад името?

Мешањето на пивото со други вкусови нема долга традиција на македонскиот пивски пазар, меѓутоа не може да се негира фактот дека долгите топли летни ноќи се совршени за освежувачки летен пивски коктел. Мешањето на пивото со други вкусови има долга традиција во други земји како Обединетото Кралство и Германија, каде што таквите пива се викаат „шанди“ (shandies) или „радлери“ (radlers). Шанди е омиленото име на ова пиво во Обединетото Кралство, каде што пијалакот се добива со мешање пиво и лимонада или газиран сок од лимон или лимета, но може исто така да содржи ѓумбир, јаболко или портокал. Од друга страна, називот „Radler“, како што е познат во Германија, обично се однесува на пива со цитрусен вкус, како, на пример, лимон или грејпфрут.

Во 1922 година Франц Кзавиер Куглер, сопственик на таверна во Баварија, го направил првиот „Radler“, и тоа повеќе од неопходност, а не поради тоа што постоела побарувачка за таков пијалак. Дневната потрошувачка на пиво во неговата таверна била многу ниска. Обично го посетувале велосипедисти, па за да ги задржи гостите и да им помогне да ја изгасат жедта, почнал да нуди пиво мешано со лимонада. На тој начин успеал да реши два проблема: неговите гости биле задоволни со добиеното освежувачко пиво, а во исто време ја искористил лимонадата која воопшто не се продавала. Куглер својот изум го нарекол „Радлермас“ (на германски „radler“ значи велосипедист). Неговиот изум е основа на она што денес го нарекуваме „Radler“.

Поставување на основата

Беа потребни 90 години за „Radler“ да стане светски успешен производ, а HEINEKEN беше двигателот на една од најголемите иновации во индустријата за производство на пиво. Во рамките на HEINEKEN Company, пивото од типот „Radler“ е присутно на повеќе од 50 пазари. Лансирањето на „Radler“ на пазарот се случи во време кога потрошувачите бараа нешто ново и различно. Пивскиот пазар отсекогаш се сметал за традиционално занаетчиска индустрија, каде што пиварите се држеле до традиционалните рецепти, кои не се менувале со векови. Меѓутоа, тие сфатиле дека за дополнително да ги инспирираат и да го одржат она што го претпочитаат потрошувачите, потребно е да преземат нов чекор, а тоа е иновирање на вкусовите.

Покрај тоа, потрошувачите станувале сè посвесни за потребата од зачувување на своето здравје. Физичката благосостојба, желбата за природни производи и свесната потрошувачка на производи се она што потрошувачите го бараат во последните десетина години. HEINEKEN секако го забележа ваквиот тренд и ја создаде оригиналната приказна за „Radler“, која се темели на вистински природен производ. Накратко, „Radler“ е освежувачки микс составен од 40% висококвалитетно локално пиво и 60% лимонада направена од природен лимонов сок. Не содржи вештачки адитиви, природно е замаглен и содржи околу 2% алкохол.

Природните придобивки на сите „Radler“, заедно со двојното освежување благодарение на пивото и лимонот, исто така создаваат нови прилики за уживање кои овозможуваат многу повеќе од наздравување со пиво на убава плажа. Замислете си ги моментите по напорно вежбање, ручек во текот на неделата или тогаш кога имате потреба од чисто освежување. „Radlers“ исто така претставуваат алтернатива за сите оние кои (сè уште) не навлегле во светот на пивото, алтернатива за жените, како и оние кои не пијат пиво во рамките на сите оние прилики во кои обично се пие пиво, како што се забавите или, пак, скарите.

Создавањето на приказната за нашиот „Radler“

Во Пивара Скопје СКОПСКО Radler беше лансирано на пазарот во 2012 година и Пивара беше првата компанија која лансираше таква иновација на македонскиот пазар. Нашиот „Radler“ содржи 2% алкохол и нуди двојно освежување кое доаѓа од пивото и лимонот. И затоа што секогаш се трудам да негувам здрав животен стил, многу сум среќна што СКОПСКО Radler е целосно природен производ, кој освен СКОПСКО добиено на природна основа, содржи и лимонада направена од природен лимонов сок. Нашиот Radler не содржи засладувачи, бои и конзерванси.

СКОПСКО Radler моментално се наоѓа на третото место во однос на резултатите добиени од иновациите на Пивара Скопје. Што се однесува до продажбата, не би било автентично да тврдиме дека СКОПСКО Radler е најголемата иновација на нашата пиварница. Сепак, оваа екстензија го има вистинскиот потенцијал да претендира за водечката иновациска позиција на нашиот пивски пазар. СКОПСКО Radler секако придобива нови потрошувачи на пива од нашиот бренд и ги задоволува вкусовите на оние потрошувачи кои бараат нов производ и иновативност во однос на вкусот. СКОПСКО Radler е екстензија на најголемиот пивски бренд во Македонија која придонесува за целокупната позитивна приказна околу пивото. Така, наредниот пат кога ќе размислувате какво пиво да купите, пробајте го СКОПСКО Radler и уживајте!

Полна чаша на Instagram