ПРОГЛАСЕНИ ПОБЕДНИЦИТЕ НА COCA-COLA ФУДБАЛСКИОТ КУП 2015

Стадионот на Работнички во Градскиот парк во Скопје денес беше домаќин на големото фудбалско финале на Coca-Cola Купот. Момчиња и девојчиња од цела Македонија, пред бројната публика и своите навивачи, ги одмерија фудбалските сили во финалните натпревари. Најдобрите ги добија заслужените медали, но денес победници беа сите кои покажаа вистински спортски дух.  Coca-Cola Купот се организира четврта година по ред од страна на Coca-Cola, Пивара Скопје АД и организацијата Отворени забавни фудбалски школи, во соработка со основните и средните училишта и општините.

На финалето му претходеа натпревари одиграни изминатиот месец во кои учествуваа рекорден број од 2.000 ученици кои доаѓаат од 150 училишта од 18 општини низ цела Македонија. Основната цел на проектот е создавање здрави животни навики кај најмладите преку практикување физички и спортски активности. Одржувањето соодветна рамнотежа помеѓу внесената и потрошената енергија е клучен фактор за здрав и исполнет живот.

„ Спортот и редовната физичка активност се важен дел од правилниот развој на децата. Денес голем број млади се пред компјутер, телевизор, мобилен, сѐ помалку време поминуваат надвор дружејќи се со своите пријатели. Не се доволно физички акивни и немаат начин како да потрошат енергија. Одигравме над 200 натпревари, во повеќе од 18 општини, вклучивме повеќе од 2.000 деца од цела Македонија. Наша заедничка цел е тие да пораснат во здрави личности свесни за придобивките од водењето грижа за своето здравје.‘‘, рече Цено Александровски, претставник на организацијата Отворени забавни фудбалски школи.

Coca-Cola Купот ги обединува децата, нивните семејства, училиштата, општините, невладиниот сектор и бизнис заедницата во заедничка платформа која има цел создавање здрави животни навики.

“Проектот подржува и поттикнува уште поголема иницијатива кај училиштата и семејствата во нивните настојувања кај своите деца да всадат љубов и желба кон спортот како основа на здрав живот. Годинава, бележиме рекорден број на учесници, а досега, заедно со нашите партнери, успеавмае да активираме повеќе од 5.200 млади полни ентузијазам. За нас, тоа е доволен доказ дека проектот е одлично прифатен и дека сме на добар пат кон создавањето здрави генерации млади луѓе кои ја негуваат љубовта кон спортот и физичката активност.‘‘, изјави г-дин Ружевиќ, Генерален директор на Пивара Скопје АД.

За Купот зборуваше и Ѓорѓи Христов/Димитар Андонов, од компанијата Coca-Cola:
‘‘Содавањето здрави животни навики кај младите генерации е од големо значење. Редовното спортување и физичката активност се одличен начин за одржување на соодветен баланс на енергија што води кон поздрави, посреќни и полни со енергија млади луѓе. Coca-Cola Купот ја пренесува и пораката за фер плеј, спортски дух, семејно дружење и забава,  вредности кои Coca-Cola настојува да им ги пренесе на младите насекаде во светот.‘‘

Покрај фудбалските натпревари, финалето беше збогатено и со други забавно-рекреативни активности наменети за публиката, младите и нивните семејства. Црвено-белите маички, фудбалот, смеата, забавата и дружењето преовладуваа на денешниот настан создавајќи атмосфера на вистински спортски хепенинг.