Активен живот

РАКОМЕТОТ БАРА ЖРТВА, НО УСПЕВАМ ДА ВОСПОСТАВАМ БАЛАНС

Активен живот

„Балерина со големина на мечка. Одличен играч.” Со овие зборови познатиот спортски коментатор на ЕХФ Том‘О Бранагејн го опиша нашиот Стојанче Стоилов, гледајќи како одлично се справува со противниците од Тунис на Светското првенство во ракомет кое се одржа во јануари 2015 година во Катар. Скоро да не постои подобар опис на пикерот кој буквално лебди над теренот и покрај својата помасивна градба.

Столе доцна почнал да тренира ракомет. На 18 години. Прво тренирал кошарка, а најголема заслуга за тоа што сега го имаме врвниот ракометар Стојанче Стоилов е неговиот вујко, кој бил ракометен тренер и инсистирал Столе да го замени кошаркарскиот со ракометниот терен. Тој не се кае за тоа, а ние сме му благодарни на вујко му што во вистински момент му го променил мислењето.

Сè што следува понатаму е историја. Стоилов беше дел од ракометната репрезентација која во 2012 година го освои високото петто место на Европското првенство во Хрватска. Сега го носи дресот на најуспешниот машки ракометен клуб во Македонија, „Вардар“, и е дел од нашиот национален тим.

Се сретнавме на пијачка во ресторанот „Форца“, само неколку дена откако „Вардар“ го „згази“ „Кјелце“. За жал, поради сериозната повреда на рамото, Столе не им ја даде својата поддршка на соиграчите долу на теренот ниту на тој натпревар. И многу му е тешко поради тоа, верувајте.

Но да не должиме многу, навалете се на столчето и почнете да го читате интервјуто подолу. А за доживувањето да биде комплетно, додека читате, во главата враќајте си ги една по една инфаркт-ситуациите кои ни ги имаат приредено Столе и неговите соиграчи.

Од што сè се откажа Стоилов за денес да биде толку успешен ракометар? Што е она што најмногу ти недостига?

Stojance-StoilovИскрено, јас многу и не се откажував од некои задоволства во животот. Се трудев да воспоставам некаков баланс. Како помлад, тоа ми успеваше и можев да си ги дозволам тие задоволства, но, како што стареам, така ми е сè потешко. Сега некако не можам баш да излегувам навечер и следното утро да одам на тренинг. Не им верував кога ми велеа дека со текот на времето ќе ми станува сè потешко тоа темпо, но, еве, се уверив дека имале право.
А, дефинитивно, најмногу ми недостига одмор. Малку сме ограничeни кога е во прашање одморот, особено во зимскиот период. Не сум бил на зимување откако почнав да тренирам ракомет. Кога е клупската пауза, имам репрезентативни обврски и никако не успевам да најдам време за зимување.

Колку часа на ден тренираш и каков тип тренинзи имаш?

Stojance-StoilovЗависи. Доколку сме во период на подготовки, секој ден по два часа наутро и навечер. Со „Вардар“ почнавме да одиме на тренинзи во Крањска Гора, каде што лете температурите се пониски и многу е попријатно и помирно за тренирање. Како што се префрламе во Скопје, така се намалува и интензитетот на тренинзите, бидејќи мораме да се штедиме. Тренинзите секогаш почнуваат со загревање кое трае околу 30 минути и се состои од трчање или некоја игра со топка, како фудбал или кошарка, на пример. Потоа се загреваме со голманите, па доаѓа тактичкиот дел, одбрана или напад. Многу е важно да ја одржуваме хидратацијата на тренинзите. Еве, на пример, јас само во текот на еден тренинг пијам по минимум 1,5 литар вода, а во текот на целиот ден уште толку.

Колку ти беше тешко да се навикнеш на спортскиот режим и начин на живот? Што беше тоа што те натера да истраеш?

Stojance-StoilovЈас на ракометот гледам како на работа, бидејќи од него заработувам. Тоа ми е обврска и, едноставно, морам да го правам тоа. А што се однесува до посебниот режим на исхрана, како што може да се види и по мене самиот, не држам некоја посебна диета зашто сум многу активен. Успеав да ослабам периодов, но играм на таква позиција што не ни треба многу да ослабам, мора да се носам со задачите што ги имам. Ми треба килажата, но не смеам да претерувам. Последниве 2-3 години повеќе внимавам што јадам, избегнувам леб и слатко, јадам многу овошје и, секако, пијам многу течности.

Колку често можеме да те видиме активен по скопските клубови, па и кафеани? Со кого најмногу сакаш да го поминуваш слободното време? Со колегите од клубот можеби?

Stojance-StoilovСекој ден ги гледам, па уште и да излегувам со нив (се смее). Се шегувам, често се случува од тренинг да седнеме некаде на пијачка, но навечер најмногу излегувам со девојка ми и пријателите. Искрено, девојка ми прави голема жртва поради мојата набиена агенда. Таа мора да се приспособува на моето слободно време и не ѝ е баш лесно. Инаку, многу сум близок со брат ми, а еве две години имам куче булдог, па и со него поминувам доста време.

Со што најмногу сакаш да наздравиш, онака за душа?

Stojance-StoilovСо  СКОПСКО. СКОПСКО за мене е синоним на Македонија. Паметам уште како дете, татко ми со ручек секогаш пиеше СКОПСКО. Кај нас дома со генерации тоа се пие. И, искрено, баш ми недостигаат оние старите шишиња, познати како ѕидарско пиво.

Како изгледа еден ден на Стојанче во период пред некој значаен натпревар?

Stojance-StoilovСтанувам рано и максимално сум сконцентриран на тренингот и на натпреварот. Тогаш јадам исклучиво лесна храна. А ако мислевте на некои посебни ритуали или навики, немам такви.

А што после, откако ќе поминат и тренинзите и натпреварите?

Stojance-StoilovСе знае. Завршува натпреварот, отвораш фрижидер и земаш пиво! Наздравуваме, се опуштаме со по некое пиво и после секој со своите обврски. Кој со жена и деца, кој со девојка, друштво… Инаку, не сум човек кој сака да седи дома, што значи постојано сум активен.

Кој момент ти е најдраг од досегашните настапи во Националниот ракометен тим?

Stojance-StoilovИма многу такви моменти, но би го издвоил натпреварот за петтото место против Словенија на Европското првенство во Хрватска 2012 година. Тоа беше многу тежок натпревар. Водевме, па Словенците се вратија и на крај беше буквално „држи-не давај“. На крај победивме со минимална разлика, само 1 гол, и го освоивме петтото место.

Полна чаша на Instagram