СКОПСКО RADLER ВО НОВО МОДЕРНО И ПРАКТИЧНО ПАКУВАЊЕ

Иновација од Пивара Скопје АД
Првото домашно пиво со сок од лимон доби нов изглед. СКОПСКО Radler е достапно за потрошувачите во ново зелено стаклено шише од 0,33л, со практично ring pull капаче за полесно отворање.

По само една година од лансирањето на првото македонско пиво со сок од лимон, Пивара Скопје АД воведува уште една иновација на македонскиот пазар. Иновацијата во новото модерно и практично пакување на СКОПСКО Radler е обезбедна со употребата на ring pull капаче за лесно отворање.

„Задоволството и желбите на потрошувачите за нас се од најголемо значење. Оттука произлегува и нашата постојана посветеност за воведување новитети на пазарот во вид на нови вкусови, но и иновативни пакувања кои ќе ги задоволат очекувањата на потрошувачите. Таков новитет е новото практично пакување на СКОПСКО Radler со кое овој пијалак станува подостапен за сите негови љубители. Исто така, на ваков начин дополнително го зајакнуваме имиџот на овој пијалак кај младите и активни луѓе, кај кои СКОПСКО Radler стана синоним за двојно освежување. Уверени сме дека СКОПСКО Radler со своето модерно и практично пакување ќе освои уште повеќе приврзаници”, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска – Начевска, специјалист за односи со јавноста во Пивара Скопје АД.

Освен што обезбедува одлична заштита на производот ring pull затворачот им овозможува на потрошувачите лесно и едноставно да го отворат својот омилен пијалак. Дополнително, овие капачиња и визуелно го надополнуваат искуството на уживање во СКОПСКО Radler.

СКОПСКО Radler во новата стаклена амбалажа од 0,33л ќе биде достапно за потрошувачите ширум Македонија со иста малопродажна цена како и до сега. Во малопродажните места потрошувачите и понатаму ќе можат да пронајдат СКОПСКО Radler во лименка од 0,5л.

Полна чаша на Instagram