СКОПСКО RADLER ЗА СОВРШЕНО ОСВЕЖУВАЊЕ

Пивара Скопје АД за првпат на македонскиот пазар лансира освежителен пијалак кој претставува совршен спој на пиво и сок од лимон.

СКОПСКО Radler е помладиот “брат” на супериорното СКОПСКО и претставува уникатен микс од најпознатото македонско пиво и сок од лимон.

„Од традиционалните пиварски мајстори на нашето супериорно СКОПСКО, со лидерски поттик на нашиот иновациски тим го создадовме СКОПСКО Radler како спој на најсаканото пиво на пазарот и сок од лимон. Производот е создаден за млади, активни луѓе кои се во потрага по совршено освежување.

Верни на речиси девет децениската традиција да бидеме производител на еден од најпрепознатливите македонски брендови, пивото што го дефинира македонскиот пазар, СКОПСКО, ние во Пивара Скопје АД ја продолжуваме нашата посветеност во изнаоѓање иновативни решенија за целосно задоволство на потрошувачите. Веруваме дека оваа пропозиција ќе биде ултимативното освежување ова лето” изјави Диедерик Калф, Комерцијалниот директор на Пивара Скопје АД.
Благодарение на широката дистрибутивна мрежа на Пивара Скопје АД, СКОПСКО Radler ќе биде достапно до сите македонски потрошувачи во стаклено пакување од 0,33л., како и во лименка од 0,5л.
СКОПСКО Radler ќе се продава по исти малопродажни цени како и соодветните пакувања на СКОПСКО.</

Поимот Radler се поврзува со германскиот гастроном Franc Xavier Kugler кој во 1922 година за првпат одлучил да ги помеша пивото и лимонадата со што постигнал неверојатно ново искуство.

Полна чаша на Instagram