Активен живот

NESTEA СТЕВИЈА КАКО ИНОВАЦИЈА

Активен живот

Љубителите на ледени пијалаци, а посебно оние кои посветено ја бројат секоја калорија, можат да уживаат во омилениот ладен чај Nestea кој сега има 30 проценти помалку калории, бидејќи е засладен со екстракт од билката стевија.

Стевија (Stevia rebaudiana) е билка од семејството хризантеми, а нејзините листови се извор на силна и природна слаткост. Екстрактот за засладување од оваа билка се користи за засладување храна и пијалаци. Поради многубројните предности, а пред сè природното потекло и фактот дека не содржи калории, што го прави и единствен меѓу засладувачите, засладувачот од стевија наоѓа широка употреба низ целиот свет. Производите засладени со екстракт од стевија се идеален избор за оние кои не сакаат да се одречат од слаткиот вкус и можат без колебање да уживаат во него без дополнителни калории.

Интересно е дека историјата на употреба на стевија е долга. Потекнува од Јужна Америка, а домородните племиња од Амазон со векови ја одгледувале, ја собирале и ја користеле за засладување храна и пијалаци. Екстрактот за засладување кој се добива од билката е до 200 пати посладок од шеќерот и со слатката супстанција од една билка стевија може да се засладат дури 30 филџани чај или некој друг пијалак.

Во текот на повеќе од 25 години научни истражувања, независни експерти од различни светски организации и голем број објавени студии ја потврдуваат безбедноста на состојките на слаткиот вкус на листовите на стевија. Екстрактот за засладување од билката стевија може да го користат сосема безбедно сите возрасни, како и деца и трудници. Бидејќи нема енергетска вредност, како што покажуваат клиничките испитувања, не влијае врз регулацијата на шеќерот во крвта и добро го поднесуваат и луѓе со дијабетес тип 2.

За добивање на слатките состојки од листовите на стевија – стевиол гликозиди – тие се потопуваат во вода со постапка многу слична на варењето чај. На тој начин се ослободуваат супстанциите со најдобар вкус. Тие понатаму се издвојуваат и се пречистуваат низ различни фази, со цел да се добие екстракт од природно потекло. Во текот на овие фази и процеси супстанциите остануваат недопрени и хемиски непроменети.

Токму поради сите овие факти и карактеристики, новиот Nestea ладен чај сега има помалку калории, но го задржа својот автентичен вкус бидејќи екстрактот од стевија не предизвикува негова промена.

Полна чаша на Instagram