ЈААК МИКЕЛ – НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ПИВАРА СКОПЈЕ АД

Од 1-ви април 2012-та функцијата генерален директор на Пивара Скопје АД ќе ја извршува Јаак Микел (Jaak Mikkel). Тој ќе го превземе раководењето со Пивара Скопје АД од Константинос Спанудис (Conastantinos Spanoudis) кој ja продолжува својата кариера во системот на Coca-Cola во Украина.

Новиот генерален директор на Пивара Скопје АД, Јаак Микел  доаѓа на оваа позиција од местото генерален директор на Coca-Cola за балтичките земји, каде значително придонесе за остварување на исклучителните бизнис резултати. Претходно, како менаџер за продажба, заедно со неговиот тим, преку имплементација на иновативни проекти фокусирани на потребите на купувачите, успеал да обезбеди позиција на дотогаш најголем пазарен удел на компанијата во сегментот на безалкохолни карбонизирани и енергетски пијалаци на пазарот на балтичките земји.

Досегашниот генерален директор на Пивара Скопје АД, Константинос Спанудис ја продолжува својата успешна кариера во системот на Coca-Cola на позицијата генерален директор на Coca-Cola во Украина. Во изминатите 3 години, господинот Спанудис раководеше со тимот кој успеа да ги зацврсти пазарните позиции на Пивара Скопје АД ставајќи особен акцент на одржување на беспрекорниот квалитет во сите активности на компанијата преку интензивни инвестиции во сите сегменти од бизнисот. Под негово раководство компанијата дополнително ги унапреди своите оперативните способности. Истовремено, во овој период особено внимание беше посветено на вложувањата во проекти од национално значење за пошироката заедница, со што Пивара Скопје АД ја потврди својата репутација на општествено одговорна компанија.