Студентско катче

КАКО ДО НАЈВИСОКОТО СКАЛИЛО ВО КАРИЕРАТА

Студентско катче

7 ПРИЧИНИ ЗОШТО ТРЕБА ДА БИДЕТЕ ПРОАКТИВНИ КОН ВАШИОТ ЛИЧЕН РАЗВОЈ

Луѓето почнуваат да учат и да се развиваат уште од мали нозе. Учат од своите родители, постари браќа и сестри, учат во градинка, на училиште и факултет, и на крајот учат на работа. Во текот на својот животен век користејќи ги овие можности луѓето учат и се развиваат до различни нивоа. Колку секој од нас ќе се развие зависи од можностите кои ќе ни се пружат, но исто така и од нивото на преземена лична одговороност, т.е. проактивност и иницијатива за сопствениот развој. Ако погледнете наназад сигурно ќе можете да увидите што сè сте научиле на ваша сопствена иницијатива, но исто така ќе видите и што сè сте можеле поинаку или повеќе да направите доколку сте искористеле повеќе од можностите кои ви се пружиле.

Самоиницијативата или проактивноста, всушност ја прави разликата во равојот кај различните индивидуи во иста околина и услови. Да го земеме примерот со една компанија која им овозможува еднакви услови за учење и развој на своите вработени. Во истата таа компанија ќе најдеме вработени со иста должина на работниот век кои се развиле до сосема различни нивоа. Ќе најдеме вработени кои ги искористиле можностите што им биле дадени, ќе најдеме вработени кои креирале или побарале и дополнителни можности за развој, но за жал и онакви кои искористиле малку или не искористиле воопшто од она што им било овозможено.

Без разлика дали работите за мала компанија, за голема организација, сеуште студирате или пак сте претприемач со сопствена компанија ако сакате да постигнете повисоки нивоа на сопствен развој, клучната разлика ќе ја направите со самоиницијатива и проактивност.

Не важно на која од погоре наведените групи и припаѓате бенефитите од преземање одговорност за личниот развој се повеќе страни:

  1. Ќе се издвоите како повешти и покомпетентни од останатите. Луѓето кои преземаат лична одговорност искористуваат и креираат повеќе можности, а со тоа и ги развиваат своите компетенции на повисоки нивоа од останатите студенти, вработени или менаџери.
  1. Побрзо ќе напредувате во развојот. Искористувајќи повеќе можности за развој лесно ќе ги надминете вашите ментори или поискусни колеги.
  1. Ќе имате подобра изведба. Повисокото ниво на компетенции ќе ви овозможи да создадете подобри резултати и да направите разлика помеѓу вас и останатите.
  1. Покажувате дека имате желба да направите повеќе. Со преземањето на иницијатива покажувате дека преземате одговорност и дека сте волни да потрошите дел од своето сопствено време и енергија на нешто што ќе биде од корист како за нив, така и за компанијата.
  1. Искористувањето на можностите за развој ќе ви донесе нови можности за развој. Менаџерите инвестираат повеќе во оние вработени и менаџери кои сериозно го сфаќаат својот личен развој.
  1. Подобар личен имиџ. Преземањето иницијатива за сопствениот развој отсликува некои генерални персонални карактеристики како одговорност, проактивност, самоиницијативност итн. Сите овие карактерни особини ја подобруваат сликата за вас кај останатите.
  1. Поголеми шанси за напредување во кариерата. Посветувањето внимание на својот личен развој кажува дека вие сте желни за повеќе, но и дека сте спремни да дадете повеќе доколку ви се пружи шанса за истото

 

Полна чаша на Instagram