Политика за колачиња

Нужно потребни колачиња

Ова се основните колачиња коишто овозмужуваат да се движите низ веб-страницата и да ги користите нејзините опции.
Овие колачиња не собираат никакви информации за вас коишто би можеле да се искористат за маркетинг цели или за целите на меморирање
на местата коишто сте ги посетиле при користење на интернетот.

Колачиња за перформанси (Performance Cookies)

Со овие колачиња се собираат информации за тоа како ја користите веб-страницата, на пример, кои страници најчесто ги посетувате, и дали добивате пораки за грешки.
Тие не собираат информации коишто ве идентификуваат; сите информации се анонимни. Се користат само заради подобрување на начинот на работење на веб-страницата.

Колачиња за функционалност (Functionality Cookies)

Со овие колачиња се меморираат вашите избори (како што е изборот на јазик) и истите обезбедуваат персонални елементи. Со нив се меморираат промените што сте ги направиле на локацијата.
Информациите коишто ги собираат може да бидат анонимни. Со истите не се следат другите веб-страници што ги посетувате.

Таргетинг колачиња (Targeting Cookies)

Со овие колачиња се сервираат огласи или пораки коишто се релевантни за вас и за вашите интереси. Понекогаш таргетинг колачињата се поврзани со други веб-локации, како што е Facebook.

Во рамките на овие четири категоризации на колачиња, истите се сортираат како времени („еднократни“ (session) колачиња) или подолгорочни („трајни“ (persistent) колачиња).

„Еднократните“ колачиња ги врзуваат вашите активности само во една сесија. Оваа „сесија“ започнува кога веб-страницата се отвора и завршува по затворање на страницата. Потоа колачето засекогаш се брише.
„Трајните“ колачиња одреден временски период остануваат на вашиот телефон или на компјутерот. Истите автоматски се активираат при посета на одредена веб-страница.

Разлика постои и во однос на тоа дали колачето е „колаче од основен сервер“ или “колаче од други сервери“.
Колачето од основен сервер е поставено од веб-страницата којашто ја посетувате, додека колачето од „друг сервер“ е поставено од некој друг. Пивара Скопје АД дозволува колачиња од други сервери само ако истите се одобрени од компанија.

Промена на подесувањата

Со промена во подесувањата на вашиот прелистувач, можете да добивате известување кога „колачињата“ се зачувуваат на вашиот компјутер. Со промена во подесувањата, исто така можете да одберете вашиот компјутер да не прифаќа колачиња од оваа веб-страница.
Но, доколку вашиот прелистувач не прифаќа „колачиња“ од оваа веб-страница, нема да биде во можност да им пристапите на сите содржини.

Контакт

Ве молиме да ни испратите е-маил на contact.pivara.skopje@cchellenic.com во случај да имате прашања поврзани со употребата на „колачиња“ на оваа веб-страница.

Полна чаша на Instagram