x

Услови за користење

Општо

Пивара Скопје АД го контролира процесирањето на сите лични податоци кои се собираат на оваа веб-страница. Пивара Скопје АД ја почитува вашата приватност.

Пивара Скопје АД не ги собира и обработува личните податоци преку „колачињата“ за функционалност поставени од страна на Пивара Скопје АД. Пивара Скопје АД ги обработува единствено личните податоци кои корисникот своеволно ги остава на веб-страницата. Овие податоци можат да вклучат име, презиме, е-маил адреса, датум на раѓање и телефон. Главната цел за собирање на овие податоци е за да му се обезбеди бараната услуга/информација на корисникот.

Трансфер, чување и обработка на податоци

Трансферот, чувањето и обработката на податоци преку оваа веб-страница се обезбедени со вообичаени технички мерки. Пивара Скопје АД го задржува правото да ги пренесе вашите лични податоци на трети страни, кои ќе ги обработат според упатствата на Пивара Скопје АД и за тоа Пивара Скопје АД ја презема целата одговорност. Пивара Скопје АД нема да ги пренесе вашите лични податоци на ниту една друга трета страна, освен ако нема правна обврска да го направи тоа.

Пристап, корекција и отстранување

Во било кое време, можете да побарате пристап до сите лични податоци кои Пивара Скопје АД ги има за вас. Исто така, можете да побарате нивна корекција или бришење. Ве молиме да ни испратите е-маил на pivara.skopje@pivaraskopje.com.mk во случај да имате прашања поврзани со вашите лични податоци.

Користење

Освен ако не се изнесени на поинаков начин, сите интелектуални права на оваа страница заедно со информациите припаѓаат на Пивара Скопје АД. Овие права се вклучени но не и ограничени за сите авторски права, авторски права за името на брендот, авторски права за трговската марка како и логото.

На корисницте им е дозвоолено да ја читаат оваа страна заедно со информациите, како и да прават копии за сопствени потреби, на пример печатење и чување на податоци. Секое користење на овие информации на поинаков начин, на пр. репродукција на страната на Пивара Скопје АД не е дозволено.

Корисникот не може да ја дистрибуира, модифицира, пренесува, повторно користи, повторно објавува или да ја користи содржината на страницата за јавни или комерцијални цели, вклучително и текстот, сликите, аудио и видео записите, без писмена дозвола од Пивара Скопје АД.

Пивара Скопје АД не е одговорна за ниту една штета настаната како резултат на користење (или пак немање можност за користење) на оваа веб-страница, вклучувајќи штети предизвикани од вируси, други неправилности или половични информации, освен ако штетата е резултат на недолично однесување со умисла или пак голема небрежност на Пивара Скопје АД. Пивара Скопје АД нема да одговара на штети предизвикани од недостаток на соодветност, навременост или пак точност на странатa или информацијата.

Политиката за колачиња и Условите користење можат да бидат изменети во било кое време без претходна најава. Ваквите промени ќе стапат на сила штом бидат објавени на оваа веб-страница. Им препорачуваме на корисниците на веб-страницата редовно да ги прегледуваат Политиката за колачиња и Условите користење за да бидат запознаени со најновите промени.

25.12.2015 година

x

Политика за колачиња

Нужно потребни колачиња

Ова се основните колачиња коишто овозмужуваат да се движите низ веб-страницата и да ги користите нејзините опции. Овие колачиња не собираат никакви информации за вас коишто би можеле да се искористат за маркетинг цели или за целите на меморирање на местата коишто сте ги посетиле при користење на интернетот.

Колачиња за перформанси (Performance Cookies)

Со овие колачиња се собираат информации за тоа како ја користите веб-страницата, на пример, кои страници најчесто ги посетувате, и дали добивате пораки за грешки. Тие не собираат информации коишто ве идентификуваат; сите информации се анонимни. Се користат само заради подобрување на начинот на работење на веб-страницата.

Колачиња за функционалност (Functionality Cookies)

Со овие колачиња се меморираат вашите избори (како што е изборот на јазик) и истите обезбедуваат персонални елементи. Со нив се меморираат промените што сте ги направиле на локацијата. Информациите коишто ги собираат може да бидат анонимни. Со истите не се следат другите веб-страници што ги посетувате.

Таргетинг колачиња (Targeting Cookies)

Со овие колачиња се сервираат огласи или пораки коишто се релевантни за вас и за вашите интереси. Понекогаш таргетинг колачињата се поврзани со други веб-локации, како што е Facebook.

Во рамките на овие четири категоризации на колачиња, истите се сортираат како времени („еднократни“ (session) колачиња) или подолгорочни („трајни“ (persistent) колачиња).

„Еднократните“ колачиња ги врзуваат вашите активности само во една сесија. Оваа „сесија“ започнува кога веб-страницата се отвора и завршува по затворање на страницата. Потоа колачето засекогаш се брише. „Трајните“ колачиња одреден временски период остануваат на вашиот телефон или на компјутерот. Истите автоматски се активираат при посета на одредена веб-страница.

Разлика постои и во однос на тоа дали колачето е „колаче од основен сервер“ или “колаче од други сервери“. Колачето од основен сервер е поставено од веб-страницата којашто ја посетувате, додека колачето од „друг сервер“ е поставено од некој друг. Пивара Скопје АД дозволува колачиња од други сервери само ако истите се одобрени од компанија.

Промена на подесувањата

Со промена во подесувањата на вашиот прелистувач, можете да добивате известување кога „колачињата“ се зачувуваат на вашиот компјутер. Со промена во подесувањата, исто така можете да одберете вашиот компјутер да не прифаќа колачиња од оваа веб-страница. Но, доколку вашиот прелистувач не прифаќа „колачиња“ од оваа веб-страница, нема да биде во можност да им пристапите на сите содржини.

Контакт

Ве молиме да ни испратите е-маил на pivara.skopje@pivaraskopje.com.mk во случај да имате прашања поврзани со употребата на „колачиња“ на оваа веб-страница.

x

Cookie Policy

Strictly Necessary Cookies

Strictly necessary cookies are strictly necessary in order to enable you to move around the website and use its features. This type of cookies does not collect any user’s information that could be used for marketing or for memorizing the sites you have visited.

Performance Cookies

These cookies are used to collect information on how you use the web-site, e.g., which pages you visit most frequently and do you get any error messages. They do not collect information that identifies you, since collected information is anonymous. These cookies are only used to improve the functionality of the web-page.

Functionality Cookies

These cookies memorize your choices (as the language you have chosen) and provide customized elements. They memorize the location changes you have made. Information they collect may be anonymous. They do not memorize the choices you make on other websites.

Targeting Cookies

These cookies are used to show advertisements or messages which are relevant for you and your personal interests. In certain cases, targeting cookies may be related to other web locations, such as Facebook.

Within these four categories of cookies, there are two types of cookies: transient or session cookies and long-term or persistent cookies.

Session cookies relate all your activities within only one session. Such session starts when you access a website and ends once you close it. Once the session ends, session cookies are permanently erased.

On the other hand, permanent or persistent cookies are stored in user’s phone or computer for a certain period of time. They are automatically activated whenever the user accesses webpages.

Moreover, cookies differentiate based on whether cookies come from a basic server or from other servers. Basic web server cookies are set by the webpage the user is visiting, while other servers cookies are set by someone else. Pivara Skopje only authorizes other servers cookies provided they are approved by the company.

Change your settings

By changing the settings of your browser, you will be notified when cookies are saved on your computer. By changing your settings, you can also set your computer not to accept cookies from this website. However, in case your browser does not accept cookies from this webpage, it will not display.

Contact

If you have any inquiries regarding the Cookies Policy of this webpage, please send us an email at pivara.skopje@pivaraskopje.com.mk

Добредојдовте на новата дигитална платформа
на Пивара Скопје. Внесете ги потребните
податоци и уживајте во полна чаша содржини.

Изберете јазик

Choose Language

Дата на раѓање

Date of birth

Се согласувам со Условите за користење и Политиката за колачиња.

Влез