Активен живот

АКТИВНИ ЗОНИ – АКТИВНО ДРУЖЕЊЕ!

Активен живот

Има една земја, жолта земја каде се прелева бојата на житото со бојата на небото. Има една зелена земја, каде ридовите и планините личат на бранови на зелено море. Воздухот не мириса на солено море, мириса на домати и пиперки, на јачмен и шумски плодови. Земја во која се чувствува медитеранскиот мелос, каде успеваат дури и масликнки и портокали. Каде за прослави и вообичаени ручеци се припремаат богати трпези со најразлични свежи плодови и специјалитети со мирис на блискиот исток и запад со центар во овие краишта. Каде има палета на дијалекти во милиони нијанси. Да к`снеме, да апнеме, да јадеме, различни зборови со исто значење. Во таа земја живеат и различни луѓе и стари и млади. Не можеш да ги вкалапиш по физички карактеристики, некои се црни, некои се плави, некои се високи или ниски, други пак полнички и ептен слаби. Некои кршат лепче, други јадат баклава, а некои пак во ништо не веруваат.  Едни навиваат за еден клуб, други за друг. Во едно маало ги цртаат графитите во едни, во друго маало во други бои. Децата играат баскет или серва пред зграда, а старите се лутат зошто топката им ги растура картите и фигурите за шах. Има и такви што не чекаат евтина струја за да пуштат болјер или машина за перење, додека другите чекаат да чукне стрелката за 14:00 или 22:00ч. Помеѓу сите завеси на разликите има едно место каде сите премрежја се надминуваат. Никому не му е важно какви патики носиш, ниту со каков велосипед си пристигнал до таму. Нема огледала кои те притискаат и деконцентрираат. Тоа е место каде единствено се гледа колку коцки на стомачните си направил од забава и смеење. Место на отворено кое ја содржи идејата за сечија припадност, каде има флуидност на воздухот кој е потребен за здраво тело и позитивни вибрации за здрав дух. Зошто во антиката се граделе анфитеатри на отворено? – Од истата причина, затоа што тие припаѓале на масите народ, за да бидат отворени и достапни за секого! Ги оставаме затворените простори и затворените умови и излегуваме за проветрени мисли и испотени тела. Место каде единствено има замислени ѕидови и врати каде ги заложуваш стереотипите и негативните мисли, а внатре се ослободуваш од стресовите кои ти ги подготвил денот. Таму важи природното правило на една, за жал, излитена флоскула која повторно ја добива смислата „Биди промената која сакаш да ја видиш“. Токму на тие Кока-Кола активни зони со фитнес справи, направи 5 стомачни повеќе од вчера, извози 5 минути повеќе од вчера, издржи во пленк 5 секунди повеќе од вчера, биди подобра верзија од себе –  не од другите! Биди промена на подобро за себе, така сите заедно ќе станеме подобра заедница. Зошто Кока-Кола активните зони се отворено место со јасна порака за дружба без предрасуди, без стреотипи, каде се вежба здрав и позитивен дух, многу повеќе од затегнато тело. Инклузија на различни возрасти, религии, етнички заедници, политички гледишта. Просторот со фитнес справи за вежбање кој зближува е лицето на идејата за иднина за подобро општество. Вакви места за ослободување од стресовите, од стереотипите, вишокот килограми, а за обогатување со нови пријателства, поздраво тело и ум, засега има во Скопје, Прилеп, Струмица, Охрид, Штип, Тетово, Гостивар, Куманово и Радовиш, а на повидок се уште нови „фабрики“ за дружба и позитивна енергија.

Во земја која е тежиште помеѓу истокот и западот, во која различностите се главна карактреристична црта, повеќе од потребно е да се има центар на отворено кој ќе биде достапен за сите класи со обединувачка идеја. Затоа не чекајте понеделник или утре да дојде за да почнете да вежбате, нема да изгубите ништо, освен можеби килограмите и нервозите.  Местоположбата на справите е секогаш во централно и осветлено подрачје, каде и велосипедот со кој ќе дојдете ќе може постојано да го држите под око. Нема повеќе изговори, само желба за дружба.

Се читаме, фит и расположени!

Полна чаша на Instagram