Концепти и платформи

ЕНДИ ВОРХОЛ И COCA-COLA

Концепти и платформи

Енди Ворхол (Andy Warhol) е “татко” на поп-арт движењето кој почнал да ги слика своите познати серијали на шишиња од Coca-Cola во раните шеесетти години. Компанијата Coca-Cola нема ниту едно негово парче во својата колекција од овој период. Последното дело е продадено на аукција за повеќе од 35 милиони долари. Сепак, има селекција на Coca-Cola материјали од Ворхол од подоцнежниот перид од неговата работа. Тие во еден период биле и изложени во комплексот со канцеларии на компанијата, а се работи за неколу негови фотографии и предмети од New Coke.

Енди Ворхол ја открил фотографијата подоцна во неговата кариера и до неговата смрт направил колекција од над 50.000 фотографии. Ворхол го носел фото-апаратот секаде каде што одел, сликал ликови што ги запознавал во “The Factory” или “Фабриката” како што го нарекувал своето студио, но и надвор во градот. Секоја ноќ развивал негативи и следниот ден одбирал слики и ги печател. Еден примерок секогаш бил направен со неговиот печат на задната страна. Оваа колекција на фотографии го покажува спектарот на ситуации во кои Coca-Cola е претставена во неговото секојдневие.

На 23-ти Април 1985, Coca-Cola ја претстави New Coke и за период од 79 дена, колку што траеле протестите, негативен ПР,  кампањи за враќање на оригиналната Coca-Cola, па дури и кривични тужби со цел да се врати оригиналната формула, Time Magazine побарал од Ворхол да ја отслика New Coke како потенцијална насловна страница за главна сторија. За таа цел, тој истурил Coca-Cola врз уметничка хартија и сликал полароиди од лименките за да го долови ефектот. Крајниот резултат е принтскрин кој денес се наоѓа на табла во музејот. На крајот, Time Magazine сепак одлучил да не го користи негово дело.

Засега, сите овие предмети можат да се видат само во управна зграда на компанијата Coca-Cola.

 

Полна чаша на Instagram