Јавни работи и комуникации

Сè она што ние го работиме, го правиме со огромна посветеност и експертиза.

Тимот за јавни работи и комуникации го поддржува одржливиот деловен раст на Пивара Скопје преку влијаење и обликување на мислењето на сите засегнати страни. Тоа значи ефикасни комуникации со државните органи, деловниот свет, индустријата и заедницата.

Како член на овој тим, ќе бидете активен двигател на нашата агенда за одржливост, почнувајќи од развојот на младите, промовирањето на нашето социоекономско влијание, придонесот кој Пивара Скопје го дава во однос на локалниот развој, унапредувањето на заштитата на здравјето и безбедноста при работа, па сè до соработката со невладини организации со цел заштита на животната средина и помош при непогоди. Нашата организација е посветена на постојана промоција на одговорното консумирање алкохолни пијалаци и на активниот животен стил, а овие два суштински елементи се централна одговорност на тимот за јавни работи и комуникации.

Полна чаша на Instagram