Синџир за снабдување

Сè она што ние го работиме, го правиме со огромна посветеност и експертиза.

Овој тим се грижи за тоа секоја алка од синџирот, од набавката на суровини за Пивара Скопје до испораката на свежи и висококвалитетни производи до нашите потрошувачи, да функционира совршено.

Производството на најдобро пиво и безалкохолни пијалаци во кои ќе уживаат нашите потрошувачи е клучно за синџирот на снабдување на Пивара Скопје. Нашиот тим, одговорен за синџирот на снабдување, ја има водечката улога во одржувањето најдобар квалитет на нашите производи и пошироко, како и во сите дополнителни услуги кои им ги нудиме на нашите купувачи и потрошувачи.

Како член на нашиот тим одговорен за синџирот на снабдување, ќе бидете одговорни за обезбедувањето производи со највисок квалитет за нашите потрошувачи користејќи логистика од светски ранг. Овој тим ја има најважната улога при спроведувањето на нашите иновации и управувањето со трошоците и ефикасноста.

Нашата агенда за одржливост е заснована врз напорите на овој тим, почнувајќи од заштитата на интегритетот на нашите производи, заштитата на безбедноста и здравјето при работа, заштитата на животната средина и заштеда на енергија, одржливи извори на суровини и поддршка на нашите активности за помош во случај на непогоди.

Полна чаша на Instagram