Финансии

Сè она што ние го работиме, го правиме со огромна посветеност и експертиза.

Тимот на Пивара Скопје одговорен за финансиите е високопрофесионален, ориентиран кон постигнување резултати и силно фокусиран на постигнување финансиска стабилност и раст. Улогата на овој тим е да ги препознае потенцијалните деловни ризици и да го поддржи спроведувањето на плановите. Целта на тимот е да најде рамнотежа меѓу инвестициите во раст и дисциплинираната контрола на трошоците, како и управувањето со средствата.

Нашиот финансиски тим е исто така одговорен за обезбедување на најдобрите суровини и материјали кои ни се потребни при секојдневната работа.

Притоа напорите на овој тим не се ограничуваат единствено на табеларни прикази, графикони и салда. Нашиот финансиски тим се грижи за тоа нашиот бизнис и натаму да функционира во добра финансиска состојба. За да успеете во нашиот финансиски тим, потребна Ви е способност за брзо расудување, разбирање на локалниот пазар, разбирање на потребите на нашите купувачи и околината во која работиме.

Полна чаша на Instagram