Работа кај нас

Пивара Скопје е автентична деловна приказна која ја создаваат голем број генерации горди Пиварци. Чувството на гордост произлегува од силните брендови кои ги имаме, високата компаниска култура која сите нас нè поттикнува да го извлечеме најдоброто од себе како компанија и како професионалци.

Одамна нè познавате. Меѓутоа, ние не мируваме. Во Пивара Скопје постојано го развиваме нашиот бизнис и позитивно влијаеме врз заедницата во која работиме.

Причини зошто да работите кај нас

Повеќе од девет декади приказната за Пивара Скопје се создава со огромни напори, знаење, искуство, љубов и визија на тимот составен од високомотивирани, лојални и способни поединци, кои се исклучиво добро обучени, почитувани и наградени.

Пивара Скопје е автентична деловна приказна која ја создаваат голем број генерации горди Пиварци. Чувството на гордост произлегува од силните брендови кои ги имаме, високата компаниска култура која сите нас нè поттикнува да го извлечеме најдоброто од себе како компанија и како професионалци.

Нам ни е многу важно да им го понудиме најдоброто на нашите купувачи и потрошувачи. Постојано се фокусираме на растот на нашата работа и креирањето дополнителна вредност, како и на одржување на добрата финансиска состојба на нашата компанија. Решителни сме во намерата сето тоа да го постигнеме на максимално одржлив начин, како високопочитуванa компанија. За да го постигнеме сето ова, потребно е континуирано да инвестираме во развојот на луѓето заради постигнување на нашата визија.

Ние нудиме пристап до најдобрите практични знаења и искуства од двата најпочитувани системи на производство на пијалаци во светот, Coca-Cola и HEINEKEN. Знаеме да ја препознаеме добрата работа на нашите вработени и да го наградиме нивниот талент и напорите кои ги вложуваат.

Поминаа 94 години, а ние штотуку почнувме!

 

Полна чаша на Instagram