Одржлив развој

Посветено работиме со цел да придонесеме кон подобра и одржлива иднина, за доброто на сите нас. Уште од нашите почетоци пред 92 години, одржливоста е основно начело според кое работи Пивара Скопје и останува да биде стожерот околу кој се движи целата наша работа.

Нашата деловна стратегија, како и однесувањето кое се заснова врз вредности и се води од принципи во рамките на нашата организација ја нагласуваат критичната важност на создавањето на заедничките вредности за сите засегнати страни. Години наназад Пивара Скопје во својата срцевина ја носи интеграцијата на општествената одговорност и одржливоста како начин на кој го водиме деловното работење. Ги дефиниравме нашите приоритети во однос на одржливоста преку активно слушање и постојан контакт со нашите соработници. Ваквиот дијалог за нас претставува основен инструмент со чија помош ја градиме и ја надградуваме матрицата на важност во која се содржат прашањата, ризиците и можностите кои се од голем приоритет за нашиот бизнис и засегнатите страни. Врз основа на тоа, ние ги дизајнираме нашите стратегии за одржливост со јасни планови за спроведување на овие стратегии со цел исполнување на нашите заложби. Ваквите програми ги гледаме како долгорочни инвестиции со цел создавање на вредност за нашиот бизнис и локалната заедница.

Квалитет и безбедност на храна

Квалитетот е неизбежен дел од сите сегменти на нашето работење, а нашиот успех се заснова врз производи и услуги со гарантиран квалитет и интегритет. Повеќе

Ние и заедницата

Посветуваме многу време, вештини, средства и други ресурси со цел заштита, поддршка и подобрување на квалитетот на животот на сите членови на нашата заедница. Повеќе

Активен живот

Најефикасен начин за управување со телесната тежина е балансирање на количината на енергија (калории) кои ги внесуваме и количината која ја трошиме преку физичка активност и здраво живеење. Сите наши производи може да бидат дел од активен и здрав животен стил кој подразбира урамнотежена исхрана и редовна физичка активност. Повеќе

Одговорна консумација

Пивото е природен производ. За повеќето возрасни лица пивото може да биде дел од здрав и урамнотежен животен стил доколку се консумира одговорно. Повеќе

Животна средина

Сведување на минимум на влијанието врз животната средина е наша суштинска цел. Постојано изнаоѓаме нови начини за намалување на потрошувачката на вода и енергија, како и намалување на отпадот. Повеќе

Здравје и безбедност

Ништо не е поважно од обезбедувањето здрава и безбедна работна средина за нашите вработени. Нашата клучна цел е едноставна: работа без повреди. Повеќе

Активен и здрав живот

coca-cola aktivnа zonа vo kavadarci

СО ОТВОРАЊЕ НА 12-ТАТА COCA-COLA АКТИВНА ЗОНА, КАВАДАРЦИ СТАНА ДЕЛ ОД ГОЛЕМИОТ ПРОЕКТ НА ПИВАРА СКОПЈЕ И COCA-COLA

18 август 2018
Aerial Sling

АЕРИАЛ СЛИНГ- СПОЈ НА ТАНЦ, АКРОБАТИКА И СПОРТ

6 април 2018
Misko Taneski

ПЛАНИНАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ И МЕ НАПРАВИ ПОСРЕЌЕН ЧОВЕК – МИШКО ТАНЕСКИ – ПЛАНИНАР

9 февруари 2018
letacko iskustvo

ОТКАКО ЌЕ ГО ДОЖИВЕЕТЕ ПРВОТО ЛЕТАЧКО ИСКУСТВО, ЗАСЕКОГАШ ЌЕ ЧЕКОРИТЕ ПО ЗЕМЈАТА СО ПОГЛЕД СВРТЕН КОН НЕБОТО

15 август 2017

Полна чаша на Instagram