Уметничка колекција

Нашата уметничка колекција е една од највредните приватни колекции од овој вид во земјата.

Колекцијата се состои од 116 уметнички дела и може да се подели на три одделни колекции: колекција на дела на современите македонски уметници, колекција на дела од наивата и колекција на дела од странски уметници. Уметничките дела кои се дел од нашата колекција го документираат постојаниот развој на целокупната уметничка култура во 20-тиот век. Во 2015 година, за прв пат пред јавноста ја претставивме нашата колекција на дела од современи македонски уметници.Уметничките дела се импресивни и импозантни, поради што оваа колекција е од исклучителна важност за македонското културно наследство.Среќни сме што можеме на граѓаните да им дадеме можност да уживаат во некои од овие ремек-дела. Ве молиме посетете ја нашата виртуелна галерија, каде можете да ги видите 60-те избрани уметнички дела кои припаѓаат на уметничката колекција на Пивара Скопје. Следете нè за да дознаете повеќе за промовирањето на ова вредно културно наследство.

Полна чаша на Instagram