Комерција

Сè она што ние го работиме, го правиме со огромна посветеност и експертиза.

Нашиот тим кој работи во комерција, а поточно маркетинг-тимот, е одговорен за градење силни пивски брендови преку истражување на пазарот, потрошувачите, креирање иновации ориентирани кон потрошувачите, креирање кампањи и промоции. Исто така овој тим ги спроведува маркетинг-операциите за портфолиото на Coca-Cola.

Откако мислењата и перцепциите на потрошувачите ќе се претворат во релевантни маркетинг платформи, сè се сведува на тоа како ќе ги спроведеме во рамките на пазарот. Тимот одговорен за трејд маркетинг ги развива нашите стратегии за различни канали на продажба и го предводи нивното спроведување.

Како член на нашиот комерцијален тим, а особено во тимот одговорен за продажба, Вашата работа ќе Ви овозможи да истражувате, да бидете иновативни и да ги претворите потребите на потрошувачите во искуства насочени кон активирање на пазарот и тесна соработка со нашите купувачи. Во рамките на ваквата улога, ќе се фокусирате на зголемување на продажбата, вредноста и пазарниот удел. Ваквото работно место наложува вложување поголеми напори, но доколку сте подготвени за освојување на пазарот заедно со нашите купувачи и доколку имате одлични комуникациски и организациски вештини, тогаш ова е вистинското работно место за Вас.

Нашиот комерцијален тим е исто така одговорен за обезбедување најдобри услуги за купувачите и создавање додадена вредност на сè што правиме. Градењето комерцијални способности и вештини е област на која посебно се фокусираме со цел развивање најдобри професионалци во оваа област на пазарот.

Комерцијалниот тим е водечката сила на успехот на најдобрите брендови на пијалаци во кои потрошувачите уживаат секојдневно.

Полна чаша на Instagram