Активен живот

COCA-COLA КУПОТ Е МОДЕЛ ЗА ГРАДЕЊЕ ОПШТЕСТВО СО СПОРТСКИ НАВИКИ

Активен живот

Некогаш голем фудбалски ас, а денес драг соработник на Пивара Скопје, Цено Александровски е главната движечка сила на организацијата „Отворени забавни фудбалски школи (ОЗФШ)“ која прави сè на најмладите да им ја всади љубовта кон најважната споредна работа на светот. Благодарение на него и на неговите блиски соработници, неколку години по ред повеќе илјади деца годишно истрчуваат на фудбалски терен гордо носејќи го дресот на Coca-Cola купот.

Неговиот ведар дух, искрената љубов кон спортот и посветеноста на идејата да активира колку што е можно повеќе деца, го прават еден од оние луѓе кои посакувате да ги има повеќе. Одвојте малку време и прочитајте за она што тој го сподели со нас уживајќи со Coca-Cola и кафе на есенското сонце во кафулето на спортскиот центар „АБЦ“.

Од кога датира соработката помеѓу Пивара Скопје, Coca-Cola и организацијата “Отворени  забавни фудбалски школи”?

Цено-АлександровскиСоработката започна во 2012 година со почетокот на првиот Coca-Cola куп.

 

 

Дали младите во Македонија се активни во однос на нивните врсници во другите земји?

Цено-АлександровскиЗа разлика од почетокот на  програмата на ОЗФШ во Македонија во 2000 година, кога бевме едни од ретките невладини организации што промовираа спорт и спортски активности кај младите, денес  е сè поголем бројот на организации кои се занимаваат со организација и промоција на спортот и спортските навики, а со тоа од ден на ден секако се зголемува и бројот на активни млади луѓе.

 Ја разбираат ли младите во Македонија важноста за создавање здрави животни навики преку практикување физички и спортски активности и одржување соодветна рамнотежа помеѓу внесената и потрошената енергија како клучен фактор за здрав и исполнет живот?

Цено-АлександровскиСо самото вклучување во активности како Coca-Cola купот и останатите спортски активности кои ги организира нашата организација, се трудиме што повеќе млади луѓе да се вклучат во активностите, а, секако, најмногу во фудбалот како најважна споредна работа во светот.  И на таков спортско-активен начин да ја пренесеме пораката за колку што е можно повеќе трошење калории во текот на денот.

Каков е приемот на родителите, одговорните во образованието и општините  на Coca-Cola купот?

Цено-АлександровскиПоддршката на родителите, одговорните во образованието и општините во однос на Coca-Cola купот е голема и се вклопува во нашата визија за колку што е можно повеќе засегнати страни меѓусебно да соработуваат, особено што повеќе претставници од граѓанскиот, општествениот,  јавниот и од приватниот сектор.

 Каде е клучот на успехот во соработката помеѓу Coca-Cola, Пивара Скопје и  организацијата„ Отворени забавни фудбалски школи“? Што ве прави уникатни и различни од другите спортски настани од ваков тип?

Цено-АлександровскиМожноста секој да учествува, да се почувствува добредојден и да спортува без оглед на талентот е уникатната работа што се случува со самото учество во Coca-Cola купот. Ова, секако, е возможно само со заемна поддршка на општествено одговорни компании како Пивара Скопје и The Coca-Cola  Company, општините, oсновните училишта и НВО (невладините организации), како што е нашата организација, и нивната заемна соработка и меѓусебна доверба.

Постои ли интерес и желба кај младите за понатамошна реализација на овој проект? Се бара ли дрес повеќе?

Цено-АлександровскиСекако дека интересот за учество на младите во Coca-Cola купот од година на година се зголемува, и тоа може да се види од бројот на учесниците, деца и млади, и од учеството на сè повеќе општини, основни и средни училишта од Македонија. Секако дека и медиумската застапеност е особено важна за популаризација на Coca-Cola купот, и сметаме дека зазема видно место во медиумите за време на одржување на настаните.

Има ли Македонија критична  база на обучени тренери, инструктори, асистенти и спортски лидери кои ќе продолжат да ги инспирираат младите за создавање здрави животни навики преку практикување физички и спортски активности?

Цено-АлександровскиСметаме дека оваа целна група е најважниот сегмент во пренесувањето на пораката за здрави животни навики и нивното вклучување во вакви манифестации е од особено значење како за  нивниот личен развој и надградба, така и за целокупното општество и живеење, пренесувањето на позитивниот дух и енергија кај младите. Оваа целна група која најмногу време во текот на денот поминува со младите и во врска со нивното учество и мотивација е клучен фактор за успешна реализација на Coca-Cola купот.

Колку е тешко да се поттикне спортскиот и натпреварувачкиот дух кај денешната младина?

Цено-АлександровскиСекако дека младите се желни за натпреварување и учеството на вакви манифестации е голем предизвик за нив, но важно е да се има правилен пристап кон почитување на играта, кон противникот  и промовирање одредени животни вредности како што се тимскиот дух, комуникација и соработка. Секако дека е многу важно ова да се направи на отворен и транспарентен начин, кој е многу лесно прифатлив за сите учесници и засегнати страни во Coca-Cola купот. На тоа ние посветуваме посебно внимание.

Како да се привлечат што повеќе млади луѓе на спортските терени во Македонија?

Цено-АлександровскиВклучувањето на сите релевантни фактори од заедницата во промоцијата на спортските активности и трошењето калории како важен сегмент од секојдневното живеење и поддршката од општествено одговорни компании како Пивара Скопје, The Coca-Cola Company и невладини организации, клубови, школи и сл. секако дека ќе придонесе што повеќе млади да бидат вклучени во спортските активности и на спортските терени низ државата. И овде повторно ќе истакнеме како организација дека се неопходни меѓусебна комуникација и соработка на сите релевантни структури во општественото живеење. Вклучувањето спортски амбасадори е од особено значење за промоцијата на спортот кај младите кои ги препознаваат своите идоли и би сакале еден ден и тие да ја достигнат нивната слава и популарност.

Кои се другите активности планирани од оваа меѓународна невладина организација конкретно тука кај нас?

Цено-Александровски„Отворените забавни фудбалски школи“ активно работат на сите нивоа во промоцијата на спортот како култура на живеење и создавање здрави навики кај децата и младите, со цел да ја зајакнат самодовербата кај младите како активен дел од изградбата на целокупното општество. Се трудиме да ги промовираме соработката и партнерството на повеќе организации меѓусебно, како можност за што поголемо вклучување и застапеност на младите во нашите активности и пренесување на пораката  за активен животен стил. Наша желба е во 2016 година да се обидеме да организираме неколку спортски кампови и турнири по урнекот на Coca-Cola купот и, секако, колку што е можно поголемо вклучување други партнери и поддржувачи за да може поголем број млади луѓе да ги направиме активни во спортскиот живот.

 Како се вклопува соработката со  Пивара Скопје во целите на „Отворени забавни фудбалски школи“?

Цено-АлександровскиВизијата на „Отворените забавни фудбалски школи“ е поврзување на јавниот, приватниот и невладиниот сектор и нивна меѓусебна соработка  во изградбата и развојот на граѓанското општество и заедницата во РМ.  Мислам дека оваа соработка помеѓу Пивара Скопје, општините, училиштата и ОЗФШ како претставници на невладиниот сектор со организирањето на Coca-Cola купот ќе биде модел  за во иднина како треба да се работи со меѓусебна поддршка и заемна доверба на изградбата на  нашето општество преку пренесување на здравите животни и спортски навики.

 

 

Полна чаша на Instagram