COCA-COLA КУП ЗА ПРОМОЦИЈА НА СПОРТСКИОТ ДУХ И АКТИВНИОТ ЖИВОТ КАЈ МЛАДИТЕ

Во пресрет на Европското првенство во фудбал 2012, Пивара Скопје АД, Coca-Cola и проектот „Отворени забавни фудбалски школи“ организираат турнири во фудбал и други спортски активности под заедничка платформа „Coca-Cola куп“. Овој проект се состои од фудбалски турнир, дополнет со соодветни спортски активности, а се со цел остварување на единствено доживување за сите вклучени страни. Целта на овие активности е промоција на активниот живот на младите, кои во преден план ги ставаат здравиот спортски дух и физичката активност, давајќи посебно внимание на дружењето, забавата и зближувањето со семејствата.
Главни ѕвезди на Coca-Cola купот ќе бидат момчиња и девојчиња на возраст од 13 до 16 години од основни и средни училишта во осум општини во Република Македонија. Турнирот започнува на 19 мај со натпревари на фудбалски терени во општините и завршува со полуфиналните натпревари и финалето кои ќе се одиграат на стадионот на фудбалскиот клуб „Металург“ во Скопје, викендот на 9 и 10 јуни, кога и официјално започнува годинешното Европско првенство во фудбал.
„Спортот нѐ учи дека само преку напорна работа, посветеност и соработка со останатите членови на тимот, како и взаемно почитување, можеме да се надеваме на успех во животот во целина, на теренот, во спортските сали, но исто така и во нашите семејствата, во компаниите, во заедницата на која ѝ припаѓаме. Токму поради тоа ние имаме силна причина да инвестираме и да бидеме партнери во овој проект наречен Coca-Cola куп. Луѓето во Пивара Скопје и понатаму се залагаат за инвестирање во проекти за заедницата со цел да се засили влијанието и создавање одржлива иднина.“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје АД, Јаак Микел, на прес конференцијата на која беше најавен почетокот на Coca-Cola купот.

Партнер на Пивара Скопје АД во овој проект е меѓународната организација „Отворени забавни фудбалски школи“ која има големо искуство во организација на ваков вид активности наменети за развојот на спортската култура кај децата и младите.
„Сите ние посакуваме Македонија и нејзините спортисти да учествуваат на некое големо натреварување какво што е претстојното Европско фудбалско првенство. Патот за остварување на таквиот успех започнува преку реализацијата на ваков вид проекти наменети за развој на љубовта кон фудбалот и спортот воопшто и кон придобивките што тој ги носи за животот на младиот човек и на сите нас. Вредноста на овој проект е дотолку поголема што тој е резултат на партнеството на граѓанскиот сектор, образовните установи, општините и бизнисот“, рече претставникот на меѓународната организација „Отворени забавни фудбалски школи“ во земјава, Цено Александровски.
Покрај натпреварите во фудбал, во рамки на Coca-Cola купот ќе се организираат и разновидни спортски игри со кои покрај младите фудбалери, ќе се анимираат и нивните другарчиња, членовите на нивните семејства и нивните пријатели, со што се придонесува за развојот на активниот здрав животен стил особено кај младите, дружењето и забавата, како и почитувањето на семејството – вредности за кои со децении се залага и ги негува Coca-Cola низ целиот свет.
„ Она што ги поврзува брендот Coca-Cola и фудбалот се нивните заеднички вредности и нивната светска популарност. Затоа, нашата одлука беше логична; да се приклучиме во реализацијата на овој Coca-Cola куп заедно со нашите партнери и да ја пренесеме енергијата и магијата што брендот Coca-Cola и фудбалот заедндо ги носат за младите во Македонија.“, изјави регионалниот менаџер на Coca-Cola, Димитар Андонов.
Coca-Cola е официјалн партнер за Европското првенство во фудбал 2012 кое се одржува во Полска и Украина и континуирано го поддржува спортот и Олимпизмот.