Животен стил

COCA-COLA И ФАНОВИТЕ ГО ПРОСЛАВУВААТ ПРВИОТ 3Д БИЛБОРД ВО СВЕТОТ ПОСТАВЕН НА ПЛОШТАДОТ ТАЈМС СКВЕР ВО ЊУЈОРК

Животен стил

Раскрсницата на светот сега е дом на првиот и најголем 3Д роботизиран билборд во светот. Неодамна Coca-Cola го откри новиот спектакуларен 3Д билборд во шест приказни на Тајмс Сквер, составен од 1.760 независни подвижни ЛЕД екрани, кои синхронизирано ја прикажуваат содржината на екранот, создавајќи неверојатно мултисензорско искуство на повеќе од 300.000 луѓе кои минуваат низ Менхетен секој ден.

Речиси после 100 години откако Coca-Cola го инсталираше својот прв знак на Тајмс Сквер, фановите имаа можност да ја доживеат високата инсталација, преку вметнато, интерактивно седење, инспирирано од модулите за движење на билбордот. Во текот на денот инсталацијата испушти освежувачки ладна магла, бидејќи амбасадорите на брендот дистрибуирале ладна Coca-Cola, Coca-Cola Zero Sugar, Diet Coke и Coca-Cola Life.

„Уште на почетокот, нашиот бриеф беше да создадеме момент и место за одмор и освежување од гужвата на Тајмс Сквер” – рече Ким Гнат (Kim Gnatt) Директор на Групацијата за Бизнис стратегија, Coca-Cola Северна Америка. “Нашата комерцијална 3Д технологија ги оживува нашите познати брендови на уникатен начин кој се надеваме дека ќе го привлече вниманието на луѓето и ќе ги задржи заинтересирани подолг временски период.”

Од пионерската употреба на насликани ѕидни мурали во 1890-те, преку феноменалните неонски спектакуларни билборди во Пикадили Циркусот во Лондон, до Кралскиот Крст во Сиднеј, Coca-Cola секогаш била чекор пред другите во рекламни иновации.

Овој тренд продолжува и понатаму. Претставници од Гинисовата книга на рекорди беа на официјалното пуштање во употреба на билбордот, и на компанијата Coca-Cola и доделија две признанија: „Прв 3Д билборд во светот”и „Најголемиот 3Д билборд во светот”.

Резултат на инжинерски потфат долг четири години

Coca-Cola виде можност да направи освежување на Тајмс Сквер, кој последен пат бил модифициран во 2004-та, со соодветна, прва од ваков вид технологија.

Тимовите за Истражување и Развој, ИТ и Маркетинт на Coca-Cola, и голем број на партнери потрошија 4 години на дизајнирање, тестирање и изработка на сите компоненти.

“Тајмс Сквер е иконично Американско обележје и епицентар на рекламирањето, па сакавме нашиот нов билборд да биде нешто поразлично од сѐ што е видено досега.” рече Кети Милер (Katie Miller) потпретседател, сектор за комуникации на Coca-Cola Северна Америка. „Годинешната летна кампања ‘Сподели ладна Coca-Cola, беше во знакот на сплотеноста (пријателството), па решивме да ја искористиме оваа промоција и да прославиме со луѓето од различни култури преку едно искуство кое само Coca-Cola може да го испорача”.

За 21 метар високиот и 13 метри широкиот билборд бил потребен софистициран начин на изработка и ригорозни тестирања на секакви временски услови. Секоја ЛЕД коцка со висока резолуција е програмирана да може да се движи, проширува и повлекува независно од другите, доближувајќи го портфолиото на пијалаци на компанијата, на начин на кој ќе ги привлече жедните минувачи да посегнат по шише ладна Coca-Cola.

Содржините кои се прикажуваат претставуваат цел календар од реклами на Coca-Cola од целиот свет, специјално прилагодени за билбордот. Компанијата ќе ги приспособи содржините кон две целни групи – секојдневните минувачи и туристите, и секојдневно ќе ги прилагодува во зависност од делот од денот, или денот од неделата. На пример минувачите можат да видат видео со Coca-Cola и оброк токму пред времето за ручек.

„Слично на начинот на кој што креирате дневна музичка плејлиста, ние можеме на овој билборд да направиме 24 часовна плејлиста со содржина која ги опфаќа нашите брендови и е навремена и релевантна за нашите фанови,” вели Гнат.

Првиот Coca-Cola билборд на Тајмс Сквер бил поставен во 1920-та година, што го прави еден од најстарите билборди кои сеуште функционираат. Тој ја одржува репутацијата на Тајмс Сквер како глобален центар на 24 часовно  рекламирање. Новиот билборд на Coca-Cola ја продолжува традицијата и го подигнува нивото во рекламирањето со билборди.

“Од првото појавување на Coca-Cola на Тајмс Сквер пред речиси еден век, брендот е водечки иноватор, почнувајќи од познатите неонски билборди кои биле едни од малкуте инсталации со ноќно светло во раните 1990-ти,”вели Coca-Cola Архивистот Тед Рајан (Ted Ryan). „Тајмс Сквер исто како и Coca-Cola е безвременски и ги поврзува луѓето од сите сфери од животот.”

Полна чаша на Instagram